Кампањата ХРОМО 7
На 15 април 2019,во 18:00 часот во Кинотека на Република Македонија во склоп на кампањата ХРОМО 7 се одржа проекција на европскиот филм „Кислород“ . Со ова продолжи кампањата која започна минатата година на 8ми септември од светскиот ден на физиотераепевтите во партнерство со Здружението за Цистична фиброза на Македонија . Филмот е приказна за двајца млади луѓе, кои ги спојува ретката болест – цистична фиброза и нивните релации со семејството и љубовта која ја откриваат во болничките ходници. Извонредна сторија, добитник на 9 награди и 10 номинации на филмските фестивали.
Прочитај повеќе