Macedonian Society Of Physiotherapists

Модерна Медицинска Акупунктура

Во периодот од 2- 4 ноември во Скопје се одржа семинар на тема Модерна медицинска акупунктура
Семинарот беше во организација на Македонското физиотерапевтско здружение со техничка подршка на компанија Елмед .


Во периодот од три дена група од 11 физиотерапевти од Македонија имаа можност директно да се запознаат и да се едуцираат со техниките од Модерната медицинска акупунктура .Водечко место во едукацијата имаа гостите од Норвешка нашите колеги Божидар Гардашевиќ и неговиот асистент Гои Де Врејс кои се занимваат со оваа техника повеќе од 30 години .
Освен теоретскиот дел присутните колеги имаа и практичен сегмент со кои ги поминаа основите на медицнската акупунктура и се стекнаа со основни знаења за применана електроакупунктурата  во третманот но мускуло-скелетните и невролошките заболувања .
Модерната (западната) медицинска акупунктура за разлика од источната акупунктура (ТКМ) својата примена ја базира на докази од претходни истражувања во третманот на определени заболувања и затоа се смета за безбедна терапија која може да се применува од високо образовани физиотерапевти.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *