Почитувани колеги
Физиотерапевти

После голем број на премрежија ,нефер игри и поделби помеѓу нас ,време е да се обединиме, за да си ги оствариме правата како физиотерапевти кои ни следуваат исто како и нашите колеги во светот и да го продолжиме патот кој го трасиравме. Сите добро намерни колеги кои се изморени од меѓусебните борби на двете досегашни здруженија слободно нека ни се обратат доколку сакаат да бидат членови на новото здружение – ” МАКЕДОНСКО ФИЗИОТЕРАПЕВТСКО ЗДРУЖЕНИЕ ”.

Македонското физиотерапевтско здружение е невладина стручна организација која има за цел да креира политики за создавање на услови за донесување на закон за воведување на самостојна физиотерапевтска пракса и формирање на физиотерапевтска комора за лиценцирање на физиотерапевтите на територијата на Република Македонија . Ние сме создадени за да обединуваме !!! Ве очекуваме !

РАКОВОДСТВО

блаже-арсов
Блаже Арсов Претседател
Дипломиран Физиотерапевт специјалист по рехабилитација при хирургија , ортопедија и трауматологија
nikodinv
Никодин Велјаноски Потпретседател
Дипломиран Физиотерапевт Специјалист по рехабилитација при хирургија ,ортопедија и трауматологија
denisarsenovski
Денис Арсовски Генерален секретар
Дипломиран физиотерапевт Специјалисист по рехабилитација при хирургија,ортопедија и травматологија

НАШИ ЦЕЛИ

Организирање на физиотерапевтски стручни и научни собири со цел едукација и доедукација
Заштита на интересите на физиотерапевтите и физиотерапевтскиот труд
Координација и усогласување на работата на членовите на здружението на територијата на Република Македонија
Поттикнување и активирање на членовите на МФЗ во напорите за афирмација и развој на физиотерапевтската теорија и практика