Сите цени се изразени во денари со вклучен ДДВ.
Во согласност со Законот за трговија mfz.mk е должен да ги почитува обврските кои произлегуваат од овој закон, па според тоа:
mfz.mk врши испорака, организацира настани и продажба на карти преку својата е-продавница, нуди членство и промоција на партнерски продукти согласност регулативата и договорите веќе склучени со партнерските компании.
По комплетирањето и плаќањето на нарачката ќе добиете e-mail порака за потврда и детали од нарачката.
Плаќањето можете да го направите на два начина:
Со платежна картичка (MasterCard Worldwide, Visa International, Diners Club International Card). Плаќањето со Diners Card е овозможено на 12 рати.
Преку банка со издавање на профактура (контактирајте не на телефонскиот број + (389) 70772122 за издравање на профактура).
За секое плаќање преку on line страната на mfz.mk потрошувачот добива фактура за уплатата и нарачката.
Доколку имате забелешки во поглед на квалитетот и исправноста на производот Ве молиме да се обратите до производителот и доколку истиот дозволи производот ќе Ви биде заменет.
Доколку не по наша вина сакате да го вратите производот/услугата и да Ви се вратат парите, во тој случај од крајниот износ што сте го платиле ќе Ви биде одбиен трошокот за испорака што изнесува 150 денари со вклучен ДДВ. Ако сакате да го вратите производот и да Ви се вратат парите, должни сте производот да го чувате неоштетен, неупотребуван, во оригиналното пакување заедно со приложените документи.
Без оглед на тоа од кои причини сакате да го замените или вратите производот, треба претходно да ни доставите писмена изјава во која ќе ја наведете Вашата причина на e-mail адресата: contact@mfz.mk
Рекламациите се примаат најкасно 5 дена од добивањето на производот/услугата.
Aжурирано на 22.12.2022 година