Macedonian Society Of Physiotherapists

ПРЕПОРАЧАНИ ПРОДУКТИ

Што е Flexofytol®?

Што е Flexofytol®?

Тој е моќен антиоксидант кој помага за подвижноста на зглобовите, мускулите и тетивите. Био-оптимизираниот екстракт од куркума има 4000 пати подобра растворливост во споредба со онаа на природниот куркумин, делува на центарот кој го регулира хроничното воспаление, брзо влијае врз болката, го подобрува движењето и квалитетот на живот. Производот има заштитен ефект врз ‘рскавичното ткиво – го намалува неговото оштетување. Може да се употребува подолго време, без да се појават несакани реакции од страна на гастроинтестиналниот тракт. 1 капсула содржи 42 mg био-оптимизиран екстракт од куркума во форма на микроемулзија, чија ефикасност е пропорционална на 1 kg прав од куркума.

Физио Столица

Дали да ја замените канцелариската столица со физиотопка?
Најновите препораки во ергономијата (наука која ја проучува ефикасноста на работното место) е замена на традиционалните канцелариски столици со столица со физиотопка.

Што велат експертите по ергономија
За да се намали штетноста од долготрајното седење, научниците советуваат да се замени традиционалната столица со столица со физиотопка. На овој начин, ќе добиете дополнително вежбање и ќе имате подобро држење во исто време. Користењето на физиотопки како канцелариски столици е новата стратегија во светот насочена кон намалување на заморот, непријатноста и болестите кои се јавуваат како последица на долготрајното седење.

Но дали столицата со физиотопка е навистина ефикасна?
Според експертите по ергономија предноста на столицата со физиотопка е тоа што со нестабилноста на топката, додека седите ќе мора да ги активирате мускулите на грбот, за да ја подобрите положбата и да ја намали непријатноста.
Уште една придобивка од столиците со физиотопка се изгубените калории. Кога мускулите се активирани, се согоруваат повеќе калории во споредба со седењето на традиционалната канцелариска столица.


Телефон:
+389 2 3220 745
Факс: +389 2 3220 745
www.medicushelp.mk

MOTOmed Letto тренажерите од компанијата RECK-Technik GmbH & Co. за горни и долни екстремитети се неопходни во периодот додека пациентите се хоспитализирани или подолго време во кревет поради нарушување на здравствената состојба. Предноста на овие уреди е тоа што можат да бидат користени и додека пациентите се поврзани за определени апарати за нивно одржување во живот како што се респиратори или апарати за дијализа и сл. При овие состојби тренажерите можат пасивно или активно – потпомогнато да ја одржуваат мобилноста на зглобовите на долните екстремитети, а со тоа и да го одржат мускулниот тонус и да го подготват пациентот за понатамошниот дел од рехабилитацијата т.е негова вертикализација. Индикации за користење на овие тренажери се состојби после черепно мозолни трауми, спинални трауми, состојби после мозочен инсулт, демиелинизирачки заболувања, паркинсонова болест, продолжена механичка вентилација, белодробна опструктивна болест, нарушен адбоминален метаболизам после хируршки зафати и друго. Компанијата RECK-Technik има повеќе модели од брендот MOTOmed кои можат да се користат при специјални состојби во домашна рехабилитација за стари лица и деца кои заради недоволната физичка активност остануваат подолго време имобилни, а како последици на тоа може да се развивајат дополнителни компликации (декубитални рани, бронхопневмонија, намалување на мускулниот тонус и др.)

Фила Фарм  застапник за Македонија за  RECK-Technik GmbH & Co.

ул.Бледски договор бр.8 Скопје
е-маил irena.dimitrova@filafarm.com.mk
телефон: 070204367

ФИТАЛП моќна комбинација на природни состојки и природни етерични масла која помага при ревматски болки во зглобовите, при спортски повреди и болки при настинка. Природен капсаицин, заедно со камфорот нанесени надворешно на кожа помагаат во ослободувањето од болка на болното место каде што се нанесени. Предизивикуваат чувство на ладење, а потоа чувство на загревање поради зголемување на циркулацијата на крвта во крвните садови на местото на апликација со што постигнува намалување на болката. Природните етерични масла Turpentine oil и Eucalyptus globulus leaf oil имаат специфични дејства кои се својствени за природните етерични масла и одлично го надополнуваат дејството на капсаицинот и камфорот. Поседуваат и изразено ароматично дејство. Употреба: Се нанесува во тенок слој на болното место со втривање. Местото на апликација може да се покрие со завој или топла крпа со што се пролонгира дејството на фиталп.

За повеќе информации можете да се обратите на следните контакт информации:

тел.  + 389 (0)2- 2-616-060
факс.  + 389 (0)2- 2-640-440
e-mail: info@fitofarm.com.mk
Линк до веб страната: http://www.fitofarm.com.mk

Функционална магнетна стимулација

Функционалната магнетна стимулација (ФМС) е неинвазивен, безболен метод кој овозможува безконтактна стимулација на површните и длабоките мускулни структури под влијанието на високо магнетно поле со јачина од 1,5 до 2T.
Оваа нова метода го користи рапидното менување на магнетнтото поле ( магнетна индукција) за да предизвика квалитетна  мускулна контракција. Предноста е во интензитетот на магнетото поле кое може да продре до 5 см во меките ткива и да предизвика контракции на длабоките мускулни структури кои најчесто не може да се достигнат со стандардната електростимулација .
Методата е безболна и  неинвазивна,  може да се спроведе без директен контакт со кожата, а третманите се  прилагодуваат  индивидуално за секој пациент врз оглед на неговата состојба. Времетраење на третманот е од 10-20 минути во серија од 10 третмани, секој втор ден.


За повеќе информации можете да се обратите на следниот контакт број: 078204666
Линк до веб страната: http://www.iskramedical.eu/

X