Macedonian Society Of Physiotherapists

Kлиничка Физиотерапија – 2019

На 06.12.2019 традиционално по трет пат во аудиториумот во Жан Митрев Клиника – Скопје, се одржа семинарот КЛИНИЧКА ФИЗИОТЕРАПИЈА во организација на Македонското Физиотерапевтско Здружение.

На настанот беа присутни околу 70 гости физиотерапевти од нашата држава како и од Р. Косово.
Настанот беше исполнет со вкупно 9 презентации од страна на колеги физиотерапевти и соработници на здружението:
• Проткол за рана мобилизација после кардиохируршки интервенции – наши искуства – Блаже Арсов, Дипл. Физиотерапевт, Жан Митрев Клиника

• Пролонгирани мобилизациски постапки кај пациенти на оддел за интензивно лекување , причини и третман – Никодин Велјаноски, Спец. Физиотерапевт, Жан Митрев Клиника

• Физиотерапија кај пациенти со вграден Total artificial heart приказ на случај – Лепосава Јовановска, Дипл. Физиотерапевт, Жан Митрев Клиника

• Функционална магнетна стимулација (ФМС) – револуционерна метода во физиотерапијата – ЕЛМЕД

• Акутна луксација на пателата – Рита Синани Халими, Дипл. Физиотерапевт, Зенсегрити практичар

• Flexofytol во третман на мускулна болка, остеоартрит и тендинит – EwoPharma

• Рехабилитација кај уникондиларни протези – Теодора Тодорова Дипл.Физиотерапевт ГОБ “8ми Септември” Скопје

• Фиталп производи – решение за секоја болка – Фитофарм

• Помагала при рехабилитација на спортски повреди – Медикус Хелп

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *