10th Distributor Iskra Medical Meeting
Во периодот од од 28 – 29 Мај 2018 , претседателот на Македонското физиотерапевтско здружение дипл. Физиотерапевт Блаже Арсов учествуваше на “10th Distributor Iskra Medical Meeting” кој се одржа во Блед ,
Словенија по покана на сопственикот на компанијата “Искра Медикал” Г-дин Јоже Јеленц. На настанот беше придружуван и од колегата дипл.ФТ Аријан Селмани, кој истотака зема активно учество . Во рамки на настанот имаше можност да се проследи развојот на примената на “Функционалната магнетна стимулација во физиотерапијата” . Претседателот го презентираше сопственотот искуство во примената на оваа иновативна техника имајки предвид дека во Македонија веќе четири години се користи истата во третманот на пациенти со невролошки дефицит . Воедно се постигна договор за понатамошна соработка и подршка на македонското физиотерапевтско здружение од страна на компанијата Искра Медикал во истражувачката дејност во областа на електротерапијата.
[vc_gallery type=”image_grid” images=”9290,9289,9288,9287,9286,9285,9306,9307,9308,9309,9310,9311,9312,9313″]