Macedonian Society Of Physiotherapists
FASCIA BODYWORK LEVEL I

FASCIA BODYWORK LEVEL I

FASCIA BODYWORK LEVEL I

Македонското физиотерапевтско здружение ви го претставува следниот курс “FASCIA BODYWORK” LEVEL I кој ќе се одржи на 11-12 февруари 2023 во Скопје во соработка со здружението “Екуилибрис” од Србија .

Станува збор за едукација наменета за здравствени работници, физиотерапевти, физијатри и кинезитерапевти. Фасцијата ја сочинуваат широка лепеза на телесни ткива во која спаѓаат мембраната, лигаменти, тетиви, висцера, менингите, мезентериумот. Поголемиот дел од овие ткива потекнуваат од мезодермот кој уште во текот на ембрионалниот развој започнува специфични движења како спирално извртување односно собирање и развлекување (coiling or rolling movement).

Од него започнуваат наследните микродвижења т.е. мотилитет кои се толку многу важни кај многубројните остеопатски техники во дијагнозата и третманот.

Фасцијата се наоѓа на секое ниво на човечкото тело и го сочинува основниот елемент на човечката физиологија. Служи како прва линија на нашата одбрана и функционира независно од ЦНС (централниот нервен систем) што е уште една причина за да се нарече “Периферен мозок”. Од механичка гледна точка фасциите се организирани во ланци и слоеви со цел да го одбранат телото од рестрикција – ограничување. Кога рестрикциите ќе прејдат одреден праг на толеранција фасцијата одговара така што го модифицира својот вискоеластицитет, менувајќи ги колагенските влакна и трансформирајќи здрави фасцијални ланци во променетите – патолошки ланци.

Фасцијата ја помни секоја траума која доведува до промена на мотилитетот. Низ сензитивноста на рацете, можеме да перцепираме движења на микрониво и на тој начин да детекриаме пореметување на мотилитетот, што ни открива за историјата на болеста на пациентот.

Разните терапевтски техники, кои се прилагодени на секој пациент се во состојба да го вратат нормалниот мотилитет. На тој начин фасцијалните промени може да бидат избегнати со што се овозможува телото да ги врати нормалните физиолошки функции.

Од оваа причина може да се каже дека здравјето на секоја личност во голем дел се рефлектира на фасцијата.

Курост Fascia Bodywork овозможува обилни информации поврзани за фасцијалните ткива од агол на ембриологија, анатомија, хистологија и патологија.

Преку овој курс ќе бидат претставени улогата и механизмите на функционирањето на фасцијалните слоеви, дијагностички тестови и соодветни терапевтски третмани како миофасцијални техники низ практична работа.

За време на курсот потребно е учесниците да носат памучни тренерки, маица и папучи.

Информации за учество :

Регистрација на веб страницата на МФЗ на следниот линк https://mfz.mk/nastani/fascia-bodywork-level-i/

Котизација :

Рана регистрација од 01.11-31.12.2022 год.

20,300 денари (330 евра) за членовите на Македонското физиотерапевтско здружение

21,500 денари (350 евра) за сите други здравствени работници

Доцна регистрација  од 01.01.2023 – 01.02.2023 год.

22,300 денари (360 евра) за членовите на Македонското физиотерапевтско здружение

24,000 денари (390 евра) за сите други здравствени работници

Инструктор : Драган Димитријевиќ,Србија . dragandimitrijevic@yahoo.com

VFT, CKTI, Theraband инструктор, Yumeiho терапевт, Shiatsu практичар, OBT инструктор, CST, Fascia Bodywork инструктор, VMT

За време на курсот потребно е учесниците да носат памучни тренерки, маица и папучи.

Ограничен број на учесници ! 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *