Macedonian Society Of Physiotherapists

Симпозиум на тема физиотерапија кај деца со спинална мускулна атрофија и мускулна дистрофија

Вчера на 8.06.2019 во рамки на 7мата регионална конференција во Струга во хотел Дрим се одржа сателит симпозиум на тема физиотерапија кај деца со спинална мускулна атрофија и мускулна дистрофија.

Организатор на конференцијата е здружението “ Живот со предизвици “ настанот беше посетен од 300 учесници од различни профили на здравствени работници вклучувајки и физиотерапевти.
Конференцијата ни пружи исклучителна можност во директна комуникација со пациентите со ретки болести да дебатираме за нивните потреби и проблеми.

Сателит симпозиумот го посетија 20тина физиотерапевти од Македонија, предавач беше Проф.Фт. Мерион Меин од Англија специјалист во рехабилитацијата на деца со спинална мускулна атрофија која го презентираше своето искуство во 4 часа, вклучувајќи и 2 часа работилница со присутните пациенти.

Претседателот на Македонско физиотерапевтско здружение Дипл. ФТ Блаже Арсов се заблагодари на гостите и на организаторот посебно на претседателката на ” Живот со предизвици ” Г_ѓа Весна Алексова за поканата за заедничка организација на симпозиум во рамки на конференцијата.

Како резултат на започнатата соработка со пациентите со ретки болести Македонското физиотерапевтско здружение најавува и нови настани од едукативен карактер во наредниот период.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *