Моето срце во сите бои – HEROES’ CAMP
Оваа година, од 9-ти до 15-ти јули се одржа традиционалниот летен камп „Моето срце во сите бои – HEROES’ CAMP” на којшто учествуваа деца кои имале интервенции или операции на срце во ZAN MITREV CLINIC .Кампот се одржува 10 години по ред во заедничка соработка со Црвениот крст на град Скопје во прекрасниот амбиент на одморалиштето „Солферино” во Струга.