Physiotherapia Croatica 2018
Во периодот од 14- 16 јуни 2018 година во Загреб ,Хрватска се одржа меѓународен научен собир “Physiotherapia Croatica 2018“ во организација на Хрватскиот збор на физиотерапевти . По покана на претседателката на ХЗФ Снјежана Бенко на настанот присуствуваа и претседателот Блаже Арсов и потпретседателот Никодин Велјановски.
Научната програма беше составена од презентација на 10-тина истражувачки труда од повеќе области на физиотерапијата . Настанот беше посетен од 100-тина на физиотерапевти од Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина,Македонија, Германија и Финска. Во меѓусебните контакти со колегите од регионот имавме можност да размениме искуства за дејствување како здружение но истотака и успеавме да го презентираме и Македонското физиотерапевтско здружение како фактор кој дејствува во Македонија со цел остварувања на правата на физиотерапевтите .