Курс Easy flossing Јуни 2023
Македонското физиотерапевтско здружение во соработка со Easy Flossing Academy (Germany) организира курс Easy FLOSSING на 03.06.2023 во периодот од 9-17 часот во аудиториумот во Жан Митрев клиника во Скопје .Инструктор на курсот ќе биде Ивица Стојковиќ од Србија (Physiomotion Academy) .
Flossing е терапевтска техника при која се употребуваат гумени еластични ленти (band). Аплицирањето на еластичните ленти создава компресија на поголема површина која се задржува околу една минута .Во тој период терапевтот применува различни мауелни техники според претходните индикации и заедно со пациентот се изведуваат активни или пасивни движења.После неколку минути лентата се вади и може да се забележи зголемен обем на движење и намалување на болката. По механичката компресија предизвикана од гимените еластични ленти значително се зголемува крвотокот а со тоа и апсорпцијата на наталожените метаболни продукти во ткивата кои ги третираме .За да се постигне овој ефект потребни ви се оригинални Flossingband-траки, добри мануелни техники , и соодветно знаење за ефикасна примена .
На курсот ќе се запознаете со :
*како функционира флосингот
*како да се постави флосин траката
*која боја трака е за која инидикација
*индикации & контраиндикации
*теорија+практичен дел
*комбинација на флосинг со другите терапевтски техники
*флосинг во лимфологија и нверологија
*флосинг во спортската физиотерапија.
Со оваа обука добивате 4 различни flossing траки ,соодветнo и неопходно териско и практично знаење за успешна примена на флосинг техниката.
Курсот вклучува :
*теоретски и практичен дел
*4 флосинг
*германски сертификат од Easy Flossing Academy
Котизација за учество :180 евра во денарска противвредност за сите членови на македонското физиотерапевтско здружение
200 евра во денарска противвредност за сите физиотерапевти .
Уплата најдоцна до 15 мај 2023 година на Жиро сметка на
Македонското физиотерапевтско здружение
НЛБ ТУТУНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ 210072165990137