Macedonian Society Of Physiotherapists

KINESIO-MEDICAL TAPING (21 Април 2019)

На 21 Април  во аудиториумот на клиничка болница Жан Митрев се одржа семинар на тема “KINESIO-MEDICAL TAPING” .Во програмата директно учествуваше и иноваторот на светски познатата техника кинезиотејпинг Др.Кензо Касе , кој заедно со својот колега Коичи Кимура се претставија пред македонските физиотерапевти . Во рамки на настанот Др.Кензо направи промоција на новите производи од неговата работилница Finger Print Light Touch и Performace Plus и ја образложи нивната употреба во областа на педијатријата и геријатрија .

Во рамки на работилницата на семинарот , Др.Кензо презентираше апликации на кинезиотраките кај пациенти и присутните имаа можност директно да се запознаат со основите на неговата филозофија и техниката .Со што напомена дека за вистински пристап во третирањето на пациентите потребно е да се поминат предвидените едукативни курсеви од сертифициран инструктор за примена на техниката.

Истотака присутните беа информирани дека во  Македонија веќе има дистрибутер на кинезио продуктите и дека тоа е ФИЛА-ФАРМ еден од партнерите на Македонското физиотерапевтско здружение . Фила фарм е фармацевтска компанија која ги исполни барањата на македонските физиотерапевти да ги направат достапни за нив оригиналните кинезио траките.

Семинарот беше посетен од 60-тина физиотерапевти од повеќе градови од Македонија и Косово.

Македонското физиотерапевтско здружение продолжува со соработката со Кинезио универзитетот од Америка во организација на курсевите кои се веќе закажани и тече регистрацијата за истите.

КТ1/2 ќе се одржи на 1 и 2 јуни 2019 ,а КТ3 на 1 и 2 ноември 2019 во Жан Митрев Клиника .

Регистрацијата се одвива на следниот е-маил контакт president@mfz.mk или на телефон +38970/772122 .

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *