Macedonian Society Of Physiotherapists

Кинезиотејпинг курс – 26/28 Октомври

Во периодот од 26-28 октомври во Zan Mitrev Clinic се одржува Кинезиотејпинг курс,во организација на Македонското физиотерапевтско здружение а со техничка подршка од нашата клиника.
Едукацијата ја спроведува кинезиотејпинг инструкторот Драган Димитријевиќ од Белград , Србија.


Kinesio Taping е техника на лепење на “Kinesio Tex” ленти ,кои се дизајнирани да го забрзаат процесот на природно лекување на организмот, обезбедувајќи поддршка и стабилност на мускулите и зглобовите, без нивно ограничување .
Кинезио тејпингот се темели на концептот на олеснување на мускулните и кожните движења, со цел да се постигне биомеханички, терапевтски ефект врз третираните зони.
Лентата со своите микро движења ги стимулира кожните и поткожните рецептори, стимулирајќи го нервниот систем кој го условува мускулниот рефлекс. Освен тоа, лентата со помош на кожната стимулација го редуцира лимфниот и крвниот застој, ја подобрува локалната микроциркулација и го олеснува намалувањето на отокот. Лентата всушност, преку набирање на кожата го зголемува интра клеточниот простор со што ја олеснува лимфната дренажа . т.е , со намалување на тензијата врз поткожните рецептори за болка се редуцира болката и се превенира околното ткиво од повреди, едеми и крварења.
Основачот на оваа техника Др.Кензо Касе ја посети нашата болница пред две години во рамки на неговата посета на Македонија по повод Вториот конгрес на физиотерапевти и имаше можност лично болницата.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *