Во периодот од 27 до 29 мај во аудиториумот на Жан Митрев клиника се одржа основен курс за Зенсегрити Dry nedlling во организација на Македонското физиотерапевтско зружение.Предавачи на овој курс беа добро познатите пријатели Кристоф Струмф (Германија) и Ален Лилиќ (Словенија) .
На курсот активно учествуваа 27 физиотерапевти при што имаа можност да се едуцираат за основните техники за употреба на оваа техника комбинира со други мануелни техники .
Имајки предвид интересот од учесниците ви најавуваме дека МФЗ ќе започне наскоро со организација првиот дел од Зенсегрити за во октомври 2022 година.
Повеќе инфо наскоро ќе има објавено на нашата веб страница и нашите социјални медиуми (фејсбук и инстаграм).