Macedonian Society Of Physiotherapists

ERGON Basic Course IASTM – November 2023

Mакедонското физиотерапевтско здружение во соработка со ERGON® Academy организира  основен курс за мобилизација на меките ткива со помош на инструменти (IASTM) . Курсот ќе се одржи во Скопје на 11/12 ноември 2023 .

Учество на Петтиот меѓународен конгрес на физиотерапевти на Босна и Херцеговина

Почитувани ,

Во периодот од 19 до 21 мај 2023  претседателот Блаже Арсов и колешката Олгица Димитров активно учествуваа на Петтиот меѓународен конгрес на физиотерапевти на Босна и Херцеговина.

Олгица Димитров се претстави со  презентација  на тема “Физиотерапија при тотално вештачко срце (TAH)-приказ на случај” .

Блаже Арсов одржа работилница на тема “Респираторна физиотерапија + неинвазивна механичка вентилација”  која се одржа во клиничкиот болнички центар во Тузла на клиниката за физикална медицина .

Работилницата беше единствена од овој тип на конгресот на која беа присутни 15 физиотерапевти од различни клинички центри и студенти од Босна кои се насочени во оваа област.

Конгресот беше посетен од 180 гости од Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска , Холандија, Шпанија, и Словенија .

За спроведната работилница и одржаната едукација на босанаските колеги Здружението на физиотерапевти на БИХ  додели благодарница со желба за понатамошна соработка размена на искуства во областа на кардио-респираторната физиотерапија и желба за посета на нашата болница .

На конгресот присуствуваше и Кармен Суарез (Carmen Suárez) потпретседател на европскиот регион на светското здружение за физикална терапија
https://www.erwcpt.eu/ ) со која воспоставивме директен контакт и имавме можност да ја претставиме  физиотерапијата во Македонија  .

Македонското физиотерапевтско здружение продолжува да ја гради својата соработка со сите здруженија претставници на физиотерапевтите во регионот .

.
Previous slide
Next slide

Учество на 2nd International congress of physiotherapists Prishtina 2023

Учество на 2nd International congress of Physiotherapists Prishtina 2023

На покана на Косовската комора на физиотерапевти и компанијата Искра медикал од Словенија пред 800 физиотерапевти од поширокиот регион Косово, Албанија, Италија, Турција, Хрватска, Словенија претседателот на МФЗ Блаже Арсов активно учествуваше со спроведување на работилницата на тема  “Функционална магнетна стимулација ” и воедно со презентација на тема “Functional magnetic simulation (FMS) vs. Electro-muscular stimulation (EMS) in patients with ICU-acquired neuromuscular weakness” .

Во рамки на конгресот остварена е средба со Esther-Mary D’Arcy претседателот на Европскиот регион при Светската конфедерација за физиотерапија .

Previous slide
Next slide

МФЗ стана член на WORLD PHYSIOTHERAPY

Македонското физиотерапевтско здружение на 03.05.2023 официјално стана член на големото физиотерапевтско семејство WORLD PHYSIOTHERAPY .

Почитувани колеги МФЗ постои 6 години со идеја да ги обедини сите колеги физиотерапевти и заедно да ги оствариме нашите професионални права и да ја подигнеме македонската физиотерапија на светско ниво во интерес на нашите корисници-пациенти . 

Во овој контекст е и нашето зачленување во Светската физиотерапија (world physiotherapy) која ја прифати нашата апликација и во моментов сме  преставници на физиотерапевтите од Македонија .

МФЗ ќе продоложи со својата работа во организирање на едукативни настани во интерес на нашите членови и создавање на услови за подобрување на статусот на македонските физиотерапевти .

Официјалното известување објавено на веб страницата на world physiotherapy може да се најде на следниот линк : https://world.physio/news/world-physiotherapy-welcomes-two-new-member-organisations

Честитки до сите наши колеги !

ERGON Basic course (IASTM) 2023

Mакедонското физиотерапевтско здружение во соработка со ERGON® Academy организира курс за мобилизација на меките ткива со помош на инструменти (IASTM) .

Курсот ќе се одржи во Скопје на 11/12 ноември 2023.