Macedonian Society Of Physiotherapists

Вози право, вози здраво 2018

На 03.јуни во  рамки на настанот “Вози право, вози здраво” во организација на стопанска банка , нашите членови физиотерапевти дадоа подршка на членовите и пријателите од здружението за цистична фиброза за подигнување на општествената свест за нивните проблеми и решавање на истите.

Колегите Мартин,Олгица,Наталија и Лепосава  пробаа да дадат одговорат на присутните за значењето на  респираторната физиотерапијата кај пациентите со цистична фиброза.  Цистичната фиброза е ретка болест, која кај европската популација афектира околу едно на 2500 новородени деца. Тоа значи дека на 10.000 деца родени секоја година четири ќе имаат цистична фиброза. Цистичната фиброза (ЦФ) е генатска болест која ги афектира и машкиот и женскиот пол. Децата се раѓаат со ЦФ и тоа не се менува во текот на животот. Тоа значи дека цистичната фиброза не се добива како заразна болест или не поминува од едно на друго дете. Бидејќи детето е родено со ЦФ, таа е исто така позната како конгенитална или наследна болест. Цистичната фиброза е присутна кај деца кои ги наследиле двата цистично фиброзни гени, по еден од секој родител. Индивидуи кои носат само една копија на генот на ЦФ се наречени ЦФ носители и тие се потполно здрави. Дете со цистична фиброза се раѓа само кога двајцата родители се носители на ЦФ генот. Постои широка варијација во симптомите и тежината на болеста помеѓу различни ЦФ пациенти. Цистичната фиброза афектира многу органи во организмот, но причинува големи проблеми во белите дробови, цревата, црниот дроб и панкреасот. Некои деца имаат повеќе проблем со белите дробови а некои имаат повеќе тешкотии со цревата. Секој пациент е афектиран различно. Меѓутоа ЦФ не се одразува на интелигенцијата на децата. За сега не постои лек за ЦФ. Третманот е симптоматски и континуиран во текот на целиот живот. Лекувањето на ЦФ има потреба од респираторна физиотерапија. Физиотерапијата содржи серија од постапки и/или вежби со цел  ги исчисти дишните патишта кои се полни со леплив секрет кој го загрозува процесот на дишење.Во Македонија поради недостигот од самостојна физиотерапевтска дејност ,пациентите со цистична фиброза најчесто мора да патуваат во странство или остануваат без физиотерапија со што има се загрозува животот.

[vc_gallery type=”image_grid” images=”9321,9322,9323,9324,9325,9326″]

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *