Macedonian Society Of Physiotherapists

FMS workshop Skopje 2026

FMS workshop Македонија 2026 | Функционална магнетна стимулација

 

На 14 март 2025 година во Македонија успешно се одржа FMS (Functional Magnetic Stimulation) workshop, во организација на Елмед и Iskra Medical од Словенија. Работилницата ја предводеше искусниот физиотерапевт Матеј Рапник, кој презентираше современи пристапи во примена на функционална магнетна стимулација во клиничка пракса.

Оваа FMS работилница беше наменета за физиотерапевти, лекари и здравствени професионалци кои сакаат да ги унапредат своите знаења за неинвазивни терапии и модерни рехабилитациски методи. Посебен акцент беше ставен на третман на спортски повреди, мускулна слабост и невромускулни дисфункции.

 

Во рамки на настанот беа опфатени следните теми:

  • Основи на функционална магнетна стимулација (FMS)
  • Механизам на дејство и физиолошки ефекти
  • Примена на FMS кај спортски повреди
  • Рехабилитација на мускулни и невролошки состојби
  • Практична демонстрација со FMS апаратура
  • Клинички протоколи и реални случаи

 

Големиот интерес за FMS технологијата ја потврдува растечката побарувачка за напредни, неинвазивни терапевтски решенија во современата физиотерапија во Македонија.

 

Овој workshop претставува значаен чекор кон имплементација на нови технологии во рехабилитацијата и унапредување на квалитетот на здравствените услуги.

kinesiotaping работилница 2025

Kinesiotaping работилница

 

Македонското физиотерапевтско здружение во соработка со Фила Фарм организираше Kinesiotaping Работилница која  се одржа на 25.10.2025 (сабота) во аудиториумот на Клиниката Жан Митрев.

Голем број на учесници имаа можност да присуствуваат на работилницата која  ја водеше физиотерапевтот Драган Димитријевиќ од Србија, кој воедно е и сертифициран кинезиотејпинг инструктор на Kinesio university .

Присутните се запознаа со  историјата на кинезиотејпингот , механизамот на дејство и неговата  еволуција во дијагностиката , демонстрација на примена кај болни состојби, локални едеми-хематоми. Кинезиодијагностика за долниот дел од грбот и примена кај мускулите на лумбалниот и долниот торакален дел од грбот…

Фила фарм скоро 10 години е официјален дистрибутер на оригиналните кинезио траки со што на сите здравствени работници им овозможува да работат со безбедни материјали со врвен кавлитет. Освен тоа фила фарм се грижи и за едукацијата на здравствените работници со цел подобро запознавање на кинезиотејпинг техниката и совладување на повеќе вештини за примена на траките.

Основачот на кинезиотејпингот покојниот Кензо Касе на неколку пати на покана на МФЗ ја посети Македонија и  Жан Митрев клиника при што во Април 2019 година ја  спроведе последната кинезиотејпинг работилница во Македонија.

Настанот беше потпомогнат од компанијата ЕЛМЕД и колегите имаа можност да ги пробаат добро познатите кревети за физиотерапија од брендот Hybis .


























Kinesiotaping работилница

Македонското физиотерапевтско здружение во соработка со Фила Фарм ви претставува: Kinesiotaping Работилница.
 
👉 Настанот ќе се одржи на 25.10.2025 (сабота) во период од 09:00 до 15:00 часот, во Клиниката Жан Митрев, Аудиториум, III спрат.
 
👉 Бројот на учесници е ограничен на максимум 20. Работилницата ќе ја води сертифициран кинезиотејпинг инструктор Драган Димитријевиќ ( Србија ), кој ќе го сподели своето искуство и експертиза преку практична и теоретска обука.
 
Котизацискиот пакет изнесува 6.000 денари и вклучува две кинезио траки (1 Kinesio Tex Classic и 1 Kinesio Fingerprint), едукативен материјал и кафе паузи.
 
✅ За сите кои ќе се регистрираат најдоцна до 01.10.2025 обезбедуваме промотивна цена од 5.350 денари.
 

Програма: Историја на техниката кинезиотејпинг, механизам на дејство на методот кинезиотејпинг, еволуција на дијагностиката на кинезиотејпинг, демонстрација на примена кај болни состојби, локални едеми-хематоми. Кинезиодијагностика за долниот дел од грбот и примена кај мускулите на лумбалниот и долниот торакален дел од грбот…

Целни групи за учество : физиотерапевти, доктори, ортопеди, спортски работници , физиотерапевти од четврта година средно .

Информациите за уплата погледнете ги на нашата веб-страна https://filafarm.com.mk/kinesiotaping-rabotilnica/ или контакт на (0)2 310 4996 и prodazba@filafarm.com.mk 
 
Се гледаме на 25.10.2025, да се едуцираме и надоградуваме.
 
Facebook
Twitter
LinkedIn

Интервју за Македонски медиа сервис

Физиотерапевтите се есенцијален дел од здравствениот синџир, но три децении не се наоѓа трајно решение за физиотерапевтската дејност, која треба да ја уредат закон и формирање на комора на физиотерапевти, a која ќе издава лиценци. Оваа лиценца ќе ја расчисти забуната меѓу поимите физијатар, физиотерапевт, но и јасно профилирање на физиотерапевтите од масажерите курсисти и популарните „местачи“ кои се претставуваат како професионалци во професијата.

Webinar ACL Rehab with Alli Gokeller

Целта на овој вебинар е да ги запознае заинтерисраните за учество на курсот и да ги претстави теоретските и практичните принципи на моторното учење, невропластичноста и неврокогницијата.

Повредата на предниот вкрстен лигамент (ACL) има големо влијание врз спортистот, земајќи го предвид изгубеното време за спорт и психолошките ефекти што произлегуваат од тоа, како и долгорочните последици поврзани со вообичаената патологија како што се повредите на менискусот или остеоартритисот. Реконструкцијата на ACL се препорачува за многу спортисти кои сакаат да продолжат да играат спорт по повреда на ACL.

Одлучувањето кога спортистот е подготвен да се врати во спортот е тешко и предизвикувачки за лекарите од повеќе причини. И покрај развојот на упатства за враќање во спортот во последниве години, сè уште има повеќе прашања отколку одговори во врска со оптималните критериуми за враќање во спортот по реконструкцијата на ACL. Недостатокот на научен консензус за критериумите што треба да се преземат за ослободување на спортистите на неограничени спортски активности – враќање во игра – по реконструкцијата на ACL, може да придонесе за зголемен ризик од повторна повреда бидејќи враќањето можеби било прерано.
Враќањето во спортот треба да се гледа како континуитет и како процес цело време додека спортистот не го достигне нивото да се врати на целосните перформанси.

д-р. Али Гокелер ги прикажува најновите истражувања и студии засновани на резултати за да ви помогне да постигнете најдобра практика во вашата клиничка работа во вашата секојдневна рутина.

Вебинарот ќе се одржи на ZOOM платформата на следниот линк  https://uni-paderborn-de.zoom-x.de/j/61129715640?pwd=SUgvZSs2YlduQXZLczVqSVFHeFBUZz09

ОДЛОЖЕН !!! Easy flossing курс 2024

Македонското физиотерапевтско здружение во соработка со Easy Flossing Academy (Germany) организира курс Easy FLOSSING на 08.06.2024 во периодот од 9-17 часот во Скопје .Инструктор на курсот ќе биде Ивица Стојковиќ од Србија (Physiomotion Academy) .

ОДЛОЖЕН !!! Myofascial CUPPING

Myofascial CUPPING е нов концепт на динамичка cupping терапија,сув третман (dry cupping/без крв),кој се применува без масло и кој не предизвикува ХЕМАТОМИ .Со користењето на специјално дизајнирани силиконски вендузи се создава негативен притисок кој ни помага да ја мобилизираме фасцијата и поткожното ткиво предизвикувајки лизгање на фасцијалните слоеви .Со ова се постигнува ефект на намалување на инфламацијата ,болката,отокот , се подобрува перфиерната циркулација и подвижност на ткивото. На кожата на третираниот сегмент јасно може да се види зголемена хиперемија но не и хематом . Оваа техника е одлична алатка во рацете на терапевтот која пружа супериорни резултати во терапијата на пациентот .
Myofascial CUPPING се користи при третман на миофасцијални тегоби,лузни,нерви и при обука на пациентите за промена на стекнати лоши шеми на движење .Оваа техника не се заснова на традиционалниот cupping на создавање на хематоми туку на мобилизација на фасцијата и поткожното ткиво .
Покрај мобилизацијата на фасцијата со PHYSIO Cupping можеме да правиме и манипулација (Trust) на фасцијата, да третираме лузни и да мобилизираме нерви (glide n.).
Myofascial Cupping се карактеризира со 3 степeнi на јачина на негативниот притисок (вакум) и 5 нивоа на мобилизација и манипулација на фасцијата (trust) .
Курсот Myofascial Capping трае еден ден со почеток од 10:00 до 17:00h.
Се состои од теоретски и практичен дел.Учесниците на едукацијата добиваат сет од 8 силиконски чашки за Myofascial Capping кој содржи 4 големи и 4 мали чаши и сертификат за самостојна примена на техниката .
Обуката ја води специјалист физиотерапевт Ивица Стојковиќ претставник на Physio Motion Academy, инструктор за Easy Flosing technique и REA TAPE Taping Method .
Регистрација за учество на следниот линк : mfz.mk/nastani/myofascial-cupping

(ОДЛОЖЕН !)Реконструкција на ACL. Како да го вратите вашиот спортист (безбеден) на теренот

Македонското физиотерапевтско здружение организира курс на тема реконстрикција на преден вкрстен лигамент (ACL) .Какода го вратите вашиот спортист (безбедно) на терен . 

ERGON Basic Course IASTM – Јануари 2024

Mакедонското физиотерапевтско здружение во соработка со ERGON® Academy организира  основен курс за мобилизација на меките ткива со помош на инструменти (IASTM) . Курсот ќе се одржи во Скопје на 20/21 јануари 2024 .

8-ми Септември” меѓународен ден на Физиотерапевтите


Меѓународниот ден на Физиотерапевтите се одбележува од 1996 година кога Светската конфедерација на физиотерапија (WCPT) го назначи 8 септември како светски ден на физиотерапевтите, како датум на кој  истата е основана во 1951 година. @WorldPhysio1951 .
#WorldPTDay Денот е можност за физиотерапевтите од целиот свет да ја подигнат свеста за клучен придонес во професијата која ги одржува луѓето да бидат мобилни и независни. Овој ден се одбележува со единство и солидарност на глобалната физиотерапевтска заедница со цел да се признае делото што го прави секој физиотерапевт за своите пациенти.

Оваа година е особено важна за сите македонски физиотерапевти бидејки и официјално од мај 2023 година Македонското физиотерапевтско здружение е македонски преставник член во светското здружение за физиотерапевти “WORLD PHYSYOTHERAPY” . (светската конфедерација на физиотераепвтите)

За 2023 година светската организација “WORLD PHYSYOTHERAPY” го одбра овој ден да го посвети на пациентите болни од остеоартритис и проблемите со кои се соочуваат истите .

Тимот волонтери на Македонското физиотерапевтско здружение и оваа година трета по ред ги преведе официјалните материјали за одбележување на овој ден . Материјалите може да се симнат и да се користат од следниот линк : https://world.physio/toolkit/world-pt-day-2023-information-sheets-macedonian

Честит професионален празник на сите физиотерапевти во Македонија !

The ECFS Physiotherapy Special Interest International Group (PhySIIG) is proud to announce a webinar as part of the “Bitesize Physiotherapy Series”: Aims/ Objectives: At the end of the session, the participant will be able to: 1. Describe the different evidence based Oscillating PEP devices available and the rationale for their use. 2. Report on the scientific evidence underpinning these devices together with indications, precautions and contraindications. Target audience: All members of the multi-disciplinary team including physiotherapists, doctors, nurses, dietitians, psychologists, social workers etc. Suitable for both adult and pediatric teams. The webinar will be recorded and available on the ECFS Education Platformafterwards for ECFS members OSCILLATING PEP (POSITIVE EXPIRATORY PRESSURE)

Интернационалната физиотерапевтска група специјализирана за цистична фиброза организира вебинар на 7 септември  2023 .

Интернационалната физиотерапевтска група специјализирана за цистична фиброза организира вебинар на 7 септември 2023 .

20то Генерално собрание на World physiotherapy 2023

Претседателот на Македонското физиотерапевтско здружение Блаже Арсов во периодот од 30-31 мај 2023  учествуваше преку on line платоформа на 20-то генерално собрание на Светската физиотерапија каде и официјално беше претставено Македонското физиотерапевтско здружение како нов член на world physiotherapy заедно со другите физиотерапевтски здруженија од светот.
 
Во 2023 година, Светската физиотерапија има 129 организации како свои членки, а 118 делегати со право на глас од организациите членки на Светската физиотерапија учествуваа на изборите на 20-тиот генерален состанок на организацијата на 30-31 мај 2023 година во хотелот Конрад, Дубаи, Обединетите Арапски Емирати и онлајн.

Од 118 делегати со право на глас, во електронското гласање учествуваа 115.

По два круга гласање за претседател беше избран Мајкл Лендри член на Канадската физиотерапевтска асоцијација ,а за потпретседател Suh-Fang Jeng од член на Тајванската физиотерапевтска асоцијација

Македонското физиотерапевтско здружение како полноправен член на world physiotherapy имаше право директно да учествува во гласањето за ново раководство на истоимената организација .
 
Повеќе информации на следниот линк.

Учество на Петтиот меѓународен конгрес на физиотерапевти на Босна и Херцеговина

Почитувани ,

Во периодот од 19 до 21 мај 2023  претседателот Блаже Арсов и колешката Олгица Димитров активно учествуваа на Петтиот меѓународен конгрес на физиотерапевти на Босна и Херцеговина.

Олгица Димитров се претстави со  презентација  на тема “Физиотерапија при тотално вештачко срце (TAH)-приказ на случај” .

Блаже Арсов одржа работилница на тема “Респираторна физиотерапија + неинвазивна механичка вентилација”  која се одржа во клиничкиот болнички центар во Тузла на клиниката за физикална медицина .

Работилницата беше единствена од овој тип на конгресот на која беа присутни 15 физиотерапевти од различни клинички центри и студенти од Босна кои се насочени во оваа област.

Конгресот беше посетен од 180 гости од Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска , Холандија, Шпанија, и Словенија .

За спроведната работилница и одржаната едукација на босанаските колеги Здружението на физиотерапевти на БИХ  додели благодарница со желба за понатамошна соработка размена на искуства во областа на кардио-респираторната физиотерапија и желба за посета на нашата болница .

На конгресот присуствуваше и Кармен Суарез (Carmen Suárez) потпретседател на европскиот регион на светското здружение за физикална терапија
https://www.erwcpt.eu/ ) со која воспоставивме директен контакт и имавме можност да ја претставиме  физиотерапијата во Македонија  .

Македонското физиотерапевтско здружение продолжува да ја гради својата соработка со сите здруженија претставници на физиотерапевтите во регионот .

.

Учество на 2nd International congress of physiotherapists Prishtina 2023

Учество на 2nd International congress of Physiotherapists Prishtina 2023

На покана на Косовската комора на физиотерапевти и компанијата Искра медикал од Словенија пред 800 физиотерапевти од поширокиот регион Косово, Албанија, Италија, Турција, Хрватска, Словенија претседателот на МФЗ Блаже Арсов активно учествуваше со спроведување на работилницата на тема  “Функционална магнетна стимулација ” и воедно со презентација на тема “Functional magnetic simulation (FMS) vs. Electro-muscular stimulation (EMS) in patients with ICU-acquired neuromuscular weakness” .

Во рамки на конгресот остварена е средба со Esther-Mary D’Arcy претседателот на Европскиот регион при Светската конфедерација за физиотерапија .

Учество на Phisioterapia Croatica 2023

По покана на Хрватското здружение на физиотерапевти,  Блаже Арсов  претседател на македонското физиотерапевстско здружение, зема активно учество на меѓународниот конгрес на физиотерапевти Physiotherapia Croatica кој се одржа во периодот од 4 до 5 мај. Учество зедоа и над 150 физиотерапевти од регионот (Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Македонија).

Меѓу презентираните 30 труда од областа на физиотерапијата беше и оној на колегата Арсов на тема ” Физиотерапевски предизвици во третманот на пациенти со имплантиран ЛВАД ” (коавтори Лепосава Лазаровска и Д-р Тања Анѓушева).

Темата предизвика интерес и желба за воспоставување соработка и заедничко истражување во областа на третманот на пациенти со ЛВАД .

Исто така во рамките на конгресот Светското здружение за физикална терапија WORLD PHYSIOTHERAPY соопшти дека апликацијата за прием на МФЗ е одобрена од сите членки и дека официјално станува член на оваа светска организација .

 

МФЗ стана член на WORLD PHYSIOTHERAPY

Македонското физиотерапевтско здружение на 03.05.2023 официјално стана член на големото физиотерапевтско семејство WORLD PHYSIOTHERAPY .

Почитувани колеги МФЗ постои 6 години со идеја да ги обедини сите колеги физиотерапевти и заедно да ги оствариме нашите професионални права и да ја подигнеме македонската физиотерапија на светско ниво во интерес на нашите корисници-пациенти . 

Во овој контекст е и нашето зачленување во Светската физиотерапија (world physiotherapy) која ја прифати нашата апликација и во моментов сме  преставници на физиотерапевтите од Македонија .

МФЗ ќе продоложи со својата работа во организирање на едукативни настани во интерес на нашите членови и создавање на услови за подобрување на статусот на македонските физиотерапевти .

Официјалното известување објавено на веб страницата на world physiotherapy може да се најде на следниот линк : https://world.physio/news/world-physiotherapy-welcomes-two-new-member-organisations

Честитки до сите наши колеги !

Бесплатен вебинар “Респираторна физиотерапија и решенија за намален белодробен капацитет”

Колешката Олгица Димитров Дипл.Физиотерапевт од Жан Митрев клиника на 27.04.2023 одржа бесплатен вебинар на тема Респираторна физиотерапија и решенија за намален белодробен капацитет наменет за сите кои имаат респираторни проблеми но во исто време овој вебинар може да служи и како запознавање со оваа тема за сите физиотерапевти кои сакаат да се занимават со овој тип на физиотерапија .

Конгреси во регионот Мај 2023

Претседателот на Macedonian Society of Physiotherapists Г-дин Блаже Арсов наредниот месец ќе биде гостин на конгресите во регионот по покана на раководството на Здружението на Физиотерапевтите на федерацијата на Босна и Херцеговина Udruženje Fizioterapeuta Federacije BiH и Здружението на физиотерапевти на Хрватска Hrvatski zbor fizioterapeuta – Croatian Society of Physiotherapists .

ERGON Basic Course 2023

Mакедонското физиотерапевтско здружение во соработка со ERGON® Academy организира основен курс за мобилизација на меките ткива со помош на инструменти (IASTM) . Курсот ќе се одржи во Скопје на 16/17 јуни .

8ми март

Честит 8ми март !

Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа посебно инсистираше социјалистичкото движење. Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 г. под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум.

ergon basic course 2022

Се одржа курсот Ergon Basic IASTM

Во периодот од 17 до 18 декември 2022 година за прв пат во Македонија се одржа Ергон курсот на кој активно учество земаа 13 физиотерапевти од Македонија .Настанот се одржа во аудиториумот на Жан Митрев клиника во Скопје со подршка од нашите партнери Елмед доо од Скопје и Медикус Хелп

Курс REA TAPE Method

Курс REA TAPE Taping Method

Македонсктото физиотерапевтско здружение во соработка со PHYSIO MOTION ACADEMY, на 22/23 април 2023 во Скопје ,ќе одржи  курс kinesiology tape техника по лиценца на REA TAPE Taping Method.

Инструктор на настанот е Ивица Стојковиќ Специјалист физиотерапевт лиценциран инструктор за REA TAPE Taping Method .

Бројот на местата е ограничен на максимум 24 учесници.

Опис на семинарот :

Курс REA TAPE kinesiology трае два дена во кое е вклопено теоретски и практичен дел . Во програмта се предвидени 4 часа теоретска настава и 12 часа практична работа .Секој учесник на курсот ќе добијат две kinesyology траки, ножици, скрипта  и сертификат  за завршена овука за  Rea Tape Taping Method.

Едукацијата се спроведува преку проценка на состојбата на пациентот,анализа и клиничко резонирање за примена на соодветна  техника  и метод на кинезио траката . 

По завршувањето на практичниот дел следува евалуација на опфатената тема и доделување на сертификатот. За да се добие сертификат задолжително е присуство во текот на целиот семинар, т.е. двата дена. Со добиениот сертификат учесниците се потврдува дека учесниците можат  самостојно да ја применуваат оваа техника.


Програма на курсот :

  • Што е  kinesiology тејп 
  • Историјат и настанување на техниката 
  • индикации и контриндикации
  • начин на сечење на траката
  • различни техники на аплицирање
  • мерки на претпазливост при аплицирање
  • апликација на горни екстремитети
  • апликација на долни екстремитети
  • апликација на труп
  • лимфна дренажа
  • 6 D tape техника
  •  третман на лузни 
  • корективно лепење и стабилизација на сегмети

Учесниците на курсот е потребно да носат адекватна гардероба(кратки панталони и маица).

Регистрација за учество на следниот линк : 

повеќе информации на +38970772122 или на е-маил : president@mfz.mk

easyflossing

Easy flossing курс март 2023

Македонското физиотерапевтско здружение во соработка со Easy Flossing Academy (Germany) организира курс Easy FLOSSING на 25.03.2023 во периодот од 9-17 часот во аудиториумот во Жан Митрев клиника во  Скопје .Инструктор на курсот ќе биде Ивица Стојковиќ од Србија (Physiomotion Academy) .

Flossing е терапевтска техника при која се употребуваат гумени еластични ленти (band). Аплицирањето на еластичните ленти создава компресија на поголема површина која се задржува околу една минута .Во тој период терапевтот применува различни мауелни техники според претходните индикации и заедно со пациентот се изведуваат активни или пасивни движења.После неколку минути лентата се вади и може да се забележи зголемен обем на движење и намалување на болката. По механичката компресија предизвикана од гимените еластични ленти значително се зголемува крвотокот а со тоа и апсорпцијата на наталожените метаболни продукти во ткивата кои ги третираме .За да се постигне овој ефект потребни ви се оригинални Flossingband-траки, добри мануелни техники , и соодветно знаење за ефикасна примена .

На курсот ќе се запознаете со :

*како функционира флосингот

*како да се постави флосин траката

*која боја трака е за која инидикација

*индикации & контраиндикации

*теорија+практичен дел

*комбинација на флосинг со другите терапевтски техники

*флосинг во лимфологија и нверологија

*флосинг во спортската физиотерапија.

Со оваа обука добивате 4 различни flossing траки ,соодветнo и неопходно териско и практично знаење за успешна примена на флосинг техниката.

Курсот вклучува :

*теоретски и практичен дел

*4 флосинг

*германски сертификат од Easy Flossing Academy

Котизација за учество :

 180 евра во денарска противвредност за сите членови на македонското физиотерапевтско здружение со платена членарина за 2023 .

200 евра во денарска противвредност за сите физиотерапевти .

Регистрација и електронска наплата за учество на курсот на слениот линк :

Курс Easy flossing Март 2023 – Македонско Физиотерапевтско Здружение (mfz.mk) 

Уплата преку банка најдоцна до 15 март 2023 година на Жиро сметка на

Македонското физиотерапевтско здружение

НЛБ ТУТУНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ 210072165990137

Habys стануваат нови професионални соработници на компанијата Елмед доо од Скопје.

„Квалитетот на нашите производи не е случајност, приоритет е.“ – Habys, Полска

Водени од ова мото и идеологија, Habys стануваат нови професионални соработници на компанијата Елмед доо од Скопје а со самото тоа и партнери на Македонското физиотерапевтско здружение .

Квалитетот на производите на HABYS е резултат на 21 година искуство и плод на напорна работа на инженери, дизајнери и стилисти кои секојдневно соработуваат со клиентите. Habys брендот е гаранција за уникатен квалитет проследен со исклучителна рачна изработка. За себе го тврдат, а ние го потврдуваме, следново:

Задоволството е загарантирано

Ние сме сигурни дека нашите кревети се најдобрите на пазарот, затоа сите наши производи се предмет на единствена гаранција за квалитет.

Безбедност и сигурност

Нашите производи се направени единствено од материјали и компоненти со врвен квалитет, произведени од сигурни и внимателно одбрани добавувачи.

Атрактивен дизајн

Естетскиот изглед и удобноста при користење се загарантирани. Модерниот дизајн и големиот избор на бои се карактеристики кои ги издвојуваат производите на Habys од конкурентните. Благодарение на ваквата разноврсност, нашите кревети наоѓаат примена во козметички салони, физикални ординации, масажни и спа центри.

Удобноста пред сè!

За да овозможиме поголема удобност и сигурност во терапевтските искуства, нашата опрема е дизајнирана во соработка и по препорака од професионалци.

Деталите се важни!

Ѓаволот е во деталите. Некои составни елементи може да се чинат неважни меѓутоа вистинските професионалци ги ценат нашите решенија заради искуствата од секојдневната пракса.

Prestige REH – столчето за масажа e удобно, функционално и совршено како алатка за теренски техники. Овој бестселер се одликува со:

  • Флексибилна полица за раце со прилагодлив агол на навалување и висина;
  • Икслучително удобен отвор за лице – 2D Ergo;
  • Брзо и едноставно подесување на височина на седиште со 2 механизми ;
  • Меки и удобни потпирачи за колена;
  • Тркала за лесна подвижност.

Столчето едноставно се прилагодува на постурата на пациентот со што придонесува до природен комфорт како и зголемена ефективност на третманот. Неговата компактна големина и лесна преносливост овозможува професионален третман во секој простор.

Посебно внимание би му посветиле и на AGILA 4 електричниот кревет кој благодарение на:

– уникатниот и модерен дизајн;

– функционалноста и одличната ергономија;

– пристапната цена,

од 2020 година во Полска брои повеќе од 1100 задоволни сопственици. Позитивните искуства со локалните корисници ја поттикнуваат компанијата веќе во 2022 година да го направи овој производ достапен и за нашата земја.

При изборот на кревет за масажа и мануелни техники секогаш се земаат предвид неговата големина и тежина. Во суштина колку е поудобен креветот, толку е поголем и потежок со што се отежнува неговата преносливост.

На пример, ултра-лесниот Aero 165×60 тежи приближно 12 kg, Panda Al 180×60 14 kg додека супер удобниот Gallo Plus 200×76 21 kg!

Освен димензиите и тежината на креветот, веројатно се соочувате и со следниве дилеми:

🔷 дрвена или алуминиумска конструкција?

🔷 потенок или подебел сунѓер?

🔷 подобра опција е додаток за глава или удобен отвор за лице?

🔷 од колку подвижни сегменти да се состои креветот?

Погледнете споредба на сите преносни кревети за масажа на HABYS, консултирајте се со нас и Елмед доо за да направите информирана одлука компатибилна на вашите потреби.

FASCIA BODYWORK LEVEL I

FASCIA BODYWORK LEVEL I

FASCIA BODYWORK LEVEL I

Македонското физиотерапевтско здружение ви го претставува следниот курс “FASCIA BODYWORK” LEVEL I кој ќе се одржи на 11-12 февруари 2023 во Скопје во соработка со здружението “Екуилибрис” од Србија .

Станува збор за едукација наменета за здравствени работници, физиотерапевти, физијатри и кинезитерапевти. Фасцијата ја сочинуваат широка лепеза на телесни ткива во која спаѓаат мембраната, лигаменти, тетиви, висцера, менингите, мезентериумот. Поголемиот дел од овие ткива потекнуваат од мезодермот кој уште во текот на ембрионалниот развој започнува специфични движења како спирално извртување односно собирање и развлекување (coiling or rolling movement).

Од него започнуваат наследните микродвижења т.е. мотилитет кои се толку многу важни кај многубројните остеопатски техники во дијагнозата и третманот.

Фасцијата се наоѓа на секое ниво на човечкото тело и го сочинува основниот елемент на човечката физиологија. Служи како прва линија на нашата одбрана и функционира независно од ЦНС (централниот нервен систем) што е уште една причина за да се нарече “Периферен мозок”. Од механичка гледна точка фасциите се организирани во ланци и слоеви со цел да го одбранат телото од рестрикција – ограничување. Кога рестрикциите ќе прејдат одреден праг на толеранција фасцијата одговара така што го модифицира својот вискоеластицитет, менувајќи ги колагенските влакна и трансформирајќи здрави фасцијални ланци во променетите – патолошки ланци.

Фасцијата ја помни секоја траума која доведува до промена на мотилитетот. Низ сензитивноста на рацете, можеме да перцепираме движења на микрониво и на тој начин да детекриаме пореметување на мотилитетот, што ни открива за историјата на болеста на пациентот.

Разните терапевтски техники, кои се прилагодени на секој пациент се во состојба да го вратат нормалниот мотилитет. На тој начин фасцијалните промени може да бидат избегнати со што се овозможува телото да ги врати нормалните физиолошки функции.

Од оваа причина може да се каже дека здравјето на секоја личност во голем дел се рефлектира на фасцијата.

Курост Fascia Bodywork овозможува обилни информации поврзани за фасцијалните ткива од агол на ембриологија, анатомија, хистологија и патологија.

Преку овој курс ќе бидат претставени улогата и механизмите на функционирањето на фасцијалните слоеви, дијагностички тестови и соодветни терапевтски третмани како миофасцијални техники низ практична работа.

За време на курсот потребно е учесниците да носат памучни тренерки, маица и папучи.

Информации за учество :

Регистрација на веб страницата на МФЗ на следниот линк https://mfz.mk/nastani/fascia-bodywork-level-i/

Котизација :

Рана регистрација од 01.11-31.12.2022 год.

20,300 денари (330 евра) за членовите на Македонското физиотерапевтско здружение

21,500 денари (350 евра) за сите други здравствени работници

Доцна регистрација  од 01.01.2023 – 01.02.2023 год.

22,300 денари (360 евра) за членовите на Македонското физиотерапевтско здружение

24,000 денари (390 евра) за сите други здравствени работници

Инструктор : Драган Димитријевиќ,Србија . dragandimitrijevic@yahoo.com

VFT, CKTI, Theraband инструктор, Yumeiho терапевт, Shiatsu практичар, OBT инструктор, CST, Fascia Bodywork инструктор, VMT

За време на курсот потребно е учесниците да носат памучни тренерки, маица и папучи.

Ограничен број на учесници ! 

SOMA игли за Dry nedlling

.Иглите SOMA се изработени од најквалитетен јапонски хирушки челик и се екстремно издржливи. Исто така се флексибилни што ги прави совршени за изведување на техниката  dry needling.За дополнителна удобност на пациентот и полесна апликација, секоја игла има пластичен апликатор. Стерилно пакување од 100 игли  е со цена од  495 ден.

muller-medikushelp

Спортска медицина – Mueller

Македониските спортисти го заслужуваат наjдобриот третман и
поддршка за исполнување на своите потенциjали.
Токму поради тоа, Медикус Хелп го донесе на нашиот пазар светскиот
бренд, иноватор во Спортска медицина – Mueller.
Како лидер во овоj сегмент Mueller развива врвни производи за
заштита на спортистите и активните поединци од повреди и
подобрување на нивните перформанси.
Создадени од спортот. Направени за живот.

ERGON Course

Mакедонското физиотерапевтско здружение во соработка со ERGON® Academy организира  курс за мобилизација на меките ткива со помош на инструменти (IASTM) . 

Курсот ќе се одржи во Скопје на 17/18 декември .

Котизација за учевство на курсот :

за членови на МФЗ (подмирена годишна членарина за 2022)

550евра со сет алатки / 300 евра без алатки

За сите други физиотерапевти 

590 евра со сет алатки /350 евра без алатки 

Што може да очекувате од  ERGON Basic IASTM курс

Станува збор за дводневен курс на кој ќе се стекнете со знаење и вештини за примена на техниката за мобилизација на ткива со помош на инструменти (IASTM) . Едукацијата се спроведува по 12 часа дневно ефективно време во два дена при што ќе  бидете подготвени да ја користите оваа техника .

Курсот  покрива теоретски и практични познавања со дополнителна практична обука .

Методолигијата на наставата е базирана на практична работа која се изведува под надзор од инструктори во групи од двајца до тројца учесници , при што се поминува материјал на сите анатомски структури и сите чести муксулно скелетни повреди .

Курсот ќе се спроведе на англиски јазик и дополнително се преведува по потреба на учесниците.

ERGON IASTM Technique ти овозможува да направиш:

Проценка:

Да ги процениш мускулите и фасцијата за да го лоцираш фиброзното ткиво

Ослободување :

  • со мобилизирање на вкрстените врски помеѓу сврзното ткиво
  • со стимулирање на анаболните процеси на меките ткива
  • со намалување на акумулацијата на ткиво со лузни
  • со намалување на вкочанетоста на веќе формираните акумулации на сврзното ткиво
  • со предизвикање на контролирани микро повреди за да предизвика линеарно повторно врзување на ткивото
  • со менување на микроваскуларната морфологија и предизвикување на хиперемија
  • со зголемување на регрутираните фибробласти и нивно активирање што доведува до регенерација и реставрација на повредениот колаген

Корекција:

  • го забрзува обновувањето на ткивото преку зголемен проток на крв и активирање на фибробластите
  • олеснување на рефлексните промени и корекција на шемите на активирање на мускулите
  • враќање на еластичноста на меките ткива
  • мобилизирање на едеми и хематоми
  • зголемување на мускулната тензија околу зглобовите зголемување на одговорот на хистамин по дејството на мастоцитите
  • правилни постурални промени

Изведете:

  • намалување на болката и мускулниот спазам
  • враќање на опсегот на движење на зглобовите
  • придонесуваат за функционална рехабилитација
  • подобрување на протокот на крв и лимфа

За кого е наменет овој курс ?

Учесниците мора да бидат лиценцирани професионалци со соодветно медицинско високо образование со теоретско знање на анатомија и кинезиологија на човечкото тело .Од корист би било претходно познавање на техники за мекоткивна мобилизација.

Дипломирани Физиотерапевти , Кинезиолози , ортопеди .

Цели на курсот :

1.Разбирање на теоријата зад практиката на IASTM и нејзината употреба за лекување на повреди на меко ткиво и фасција.

2.Користење на клиничката опрема (ERGON® Tools) за да:

2.1 за ефикасна проценка на миофасцијалните ограничувања

2.2 за да бидете целосно способни за лекување на повеќето мускулно-скелетни патологии/повреди

2.3 за да комбинирате техники (ERGON® Техника и кинезиотерапија) – Олеснете ја функционалната рехабилитација

2.4 Инкорпорирање на ERGON IASTM техниките во протоколите за третман во комбинација со истегнување и функционална рехабилитација, целосно познавање на индикациите и контраиндикациите на апликациите.

 

Регистрација на следниот линк : https://forms.gle/CVYr7Hs8qL16usRx6

Резервација на место за  настанот на следниот линк: https://mfz.mk/nastani/%D0%B5rgon/

повеќе информации за техниката на следните линкови : 

https://fizioterapevti.mk/%d0%bc%d0%be%d0%b1%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d0%b7%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%b5%d0%ba%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d1%82%d0%ba%d0%b8%d0%b2%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d0%bf%d0%be%d0%bc%d0%be%d1%88/

https://ergontechnique.com/ergon-worldwide/

 

Easy flossing курс – Скопје 2022

На 11 јуни 2022 година во аудиториумот на Жан Митрев клиника се одржа Easy flossing курс во организација на Македонското физиотерапевтско зружение во соработка со Easy flossing Academy од Германија. Едукацијата беше спроведна од сертифициран инструктор Г-дин Ивица Стојковиќ (Србија) од Physio motion Srbija . 

На курсот активно учествуваа седум физиотерапевти од различни региони од Македонија при што имаа можност да се едуцираат за примена на голем број на флосинг апликации и комбинирање на истата со други мануелни техники .

Воедно ова се првите македонски физиотерапевти кои се и официјално сертифицирани во Македонија за примена на оваа техника . Истите од денес се наоѓаат и нашата веб платформа www.fizioterapevti.mk и се лесно достапни за пациентите кои имаат потреба од овој тип на третман .

Имајки предвид одличната презентација и професионалноста на колегата Ивица Стојковиќ наскоро повторно ќе биде спроведен истиот курс.

За повеќе информации за нашите нови настани следете на нашата веб страница и нашите социјални медиуми (facebook@makfizio , insta@mfz.mk) .

Светски ден на физиотерапевтите 8ми септември 2020 -World PT Day 2020

Joining physiotherapists around the world, the Macedonian Society of Physiotherapists celebrated World PT Day 2020.

According to the situation with the pandemic and the protocols for the prevention of the spread of the virus, this year 8 September was not celebrated with a gathering of physiotherapist members, but was through online communications and sending this year’s materials.

This year, for the first time in collaboration with World Physiotherapy, the Macedonian Society of Physiotherapists officially translated the infographics, posters and flyers with the campaign message “Rehabilitation and COVID-19” for our colleagues in Macedonia.

Тhe vice president of the society, Nikodin Veljanoski, visited physiotherapists in the largest Covid-19 centre in the country, where he met with the lead physiotherapist to discuss the principle of work and physiotherapy techniques, as well as their experiences of the pandemic. The translated materials were also distributed and promoted and were placed in several locations throughout the hospitals in Macedonia.

The Society hopes that next year it will be able to celebrate this day together with other physiotherapist colleagues.

https://world.physio/activity/macedonia-world-pt-day-2020

Physiotherapy management for COVID-19 in the acute hospital setting 

Почитувани колеги , Македонското физиотерапевтско здружение во Мај 2020 година во соработка со world physiotherapy (WCPT) и со одобрување на авторите на ” Physiotherapy management for COVID-19 in the acute hospital setting ” направи превод на Македонски јазик на истоимениот медицински материјал со цел да им биде подостапен и лесно разбирлив на македонските физиотерапевти во секојдневната пракса за време на пандемијата . 

Преводот на македонски јазик може да го најдете на следниот линк: 

https://world.physio/covid-19-information-hub/covid-19-practice-based-resources

https://world.physio/sites/default/files/2020-09/Physiotherapy_Guideline_COVID-19_Macedonian.pdf

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ФИЗИОТЕРАПЕВТИ (01.03.20202)

Здружението на Професионални физиотерапевти на Р.Македонија и Македонско физиотерапевтско Здружение одржаа заеднички состанок по повод ангажирање на некои наши колеги од другото Здружение а во врска со Комората на Здравствените работници со средно, вишо и високо стручно образование на Р. Македонија.

Прочитај повеќе

Зенсегрити модул 4 – 2019

Во периодот 14 до 16 јуни во Штип се одржа 4от модул од курсот Зенсегрити на кој учествуваа 25 Македонски физиотерапевти.
Курсот беше предводен од иноваторот на техниката Christoph Stumpf од Германија и Alen Lilic асистент инструктор од Словенија.

Прочитај повеќе

Симпозиум на тема физиотерапија кај деца со спинална мускулна атрофија и мускулна дистрофија

Вчера на 8.06.2019 во рамки на 7мата регионална конференција во Струга во хотел Дрим се одржа сателит симпозиум на тема физиотерапија кај деца со спинална мускулна атрофија и мускулна дистрофија.

Прочитај повеќе

Одбележување на Светскиот ден на мултипла склероза

На 30 Мај во Еу инфо центарот во Скопје се одбележа Светскиот ден на мултипла склероза во организација на Националното здружение за Мултипла склероза .

Прочитај повеќе

42-рата меѓународна медицинска конференција на студентите по медицина

Претседателот на македонското физиотерапевтско здружение Дипл.ФТ Блаже Арсов учествуваше на 42-рата меѓународна медицинска конференција на студентите по медицина како поканет предавач и ја презентираше кинезиотејпинг техниката пред идните доктори.

Прочитај повеќе

Кинезиотејпинг 1 и 2 – 2019

Во периодот од 31 Мај до 2 Јуни 2019 во Скопје во просториите на Жан Митрев клиника се одржа втор пат  Кинезиотејпинг курс 1/2 ниво во организација на Македонското физиотерапевтско здружение и Фила Фарм  .
Курсевите кои се организираат во Македонија од страна на МФЗ се во директна соработка со Kinesio University и Фила Фарм со што на македонските физиотерапевти им овозмужуваме да се едуцираат од основачите на оваа техника .

Прочитај повеќе

ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ НА WCPT – 2019 – ЖЕНЕВА

 

Раководството на Македонското физиотерапевтско здружение во периодот од 07.05 – 10.05 присуствуваше на Генералното собрание на Светската конфедерација за Физикална терапија во Женева, Швајцарија по покана на организаторите на настанот.

Прочитај повеќе

KINESIO-MEDICAL TAPING (21 Април 2019)

На 21 Април  во аудиториумот на клиничка болница Жан Митрев се одржа семинар на тема “KINESIO-MEDICAL TAPING” .Во програмата директно учествуваше и иноваторот на светски познатата техника кинезиотејпинг Др.Кензо Касе , кој заедно со својот колега Коичи Кимура се претставија пред македонските физиотерапевти . Во рамки на настанот Др.Кензо направи промоција на новите производи од неговата работилница Finger Print Light Touch и Performace Plus и ја образложи нивната употреба во областа на педијатријата и геријатрија .

Прочитај повеќе

Кампањата ХРОМО 7

На 15 април 2019,во 18:00 часот во Кинотека на Република  Македонија во склоп на кампањата ХРОМО 7  се одржа проекција на европскиот филм „Кислород“ . Со ова продолжи кампањата која започна минатата година на 8ми септември од светскиот ден на физиотераепевтите  во партнерство со Здружението за Цистична фиброза на Македонија . Филмот е приказна  за двајца млади луѓе, кои ги спојува ретката болест – цистична фиброза и нивните релации со семејството и љубовта која ја откриваат во болничките ходници. Извонредна сторија, добитник на 9 награди и 10 номинации на филмските фестивали.

Прочитај повеќе

Кампањата ХРОМО 7 ПРОДОЛЖУВА!

Македонското физиотерапевтско здружение ве кани на проекција на белгискиот филм Adem (Кислород), 15 април 2019, 18:00 часот, Кинотека на Република  Македонија во склоп на кампањата ХРОМО 7 која се спроведува во партнерство со Здружението за Цистична фиброза на Македонија .

Прочитај повеќе

Кинезио-семинар и работилица на 21 Април 2019

Македонското физиотерапевтско здружение во соработка со компанијата ФИЛА-ФАРМ од Скопје организира Кинезио-семинар и работилица  на 21.април 2019 година во 10 часот во  Жан МИтрев Клиник Скопје,гостин на семинарот ќе биде Др.Кензо Касе иноваторот на кинезиотејпингот техника .

Прочитај повеќе

Средба со претседателката на европскиот регион на светската конфедерација на физиотерапевти

Претседателот на Македонско физиотерапевтско здружение Дипл.ФТ. Блаже Арсов имаше средба со претседателката на европскиот регион на светската конфедерација на физиотерапевти Г_ѓа Esther-Mary D’Arcy, во Скопје во текот на нејзината службена посета на Македонија.

Прочитај повеќе

Кинезиотејпинг 1 и 2

Овој 3 дневен семинар е креиран да им овозможи на учесниците да се запознаат со начинот на делување, тестовите за проценка како и начинот на апликација на Kinesio Taping® методата. Учесниците ќе бидат запознаени со историјатот, механизмот на делување на лентата на различни рецептори во ткивата како и терапевтските ефекти кои може да се појават.

Прочитај повеќе

ЕУ конференција за цистична фиброза во Ливерпул 2019

Македонското физиотерапевтско здружение како претставник на интернационалната физиотерапевтска група за цистична фиброза IPG/CF ги информира сите заинтересирани колеги физиотерапевти дека е започнат процесот за регистрација за учество на европската конференција за цистична фиброза во Ливерпул 2019 година .

Прочитај повеќе

Клиничка Физиотерапија – 15 – 16.12.2018

Во периодот од 15 – 16.12.2018 во аудиториумот на Жан Митрев Клиника, во Скопје, а во организација на Македонското Физиотерапевтско Здружение се одржа завршниот семинар за 2018 година на тема “Клиничка Физиотерапија”.

Настан во склоп на кампањата Хромо 7, во соработка со здружението со цистична фиброза

Средното медицинско училиште “Д-р Панче Караѓозов” на 22.11.2018 ни беше вториот домаќин на проекцијата на наградуваниот игран филм АДЕМ (Кислород) и Кампањата Хромо 7, во рамките на одбележувањето на Европската недела за ЦФ.

Прочитај повеќе

Модерна Медицинска Акупунктура

Во периодот од 2- 4 ноември во Скопје се одржа семинар на тема Модерна медицинска акупунктура
Семинарот беше во организација на Македонското физиотерапевтско здружение со техничка подршка на компанија Елмед .

Прочитај повеќе

Конференција – Клиничка Физиотерапија

Почитувани колеги,

Во име на Научниот одбор на конференцијата  “Клиничка Физиотерапија”кој ќе се одржи на 15 – 16.12.2018 година во Жан Митрев Клиника – Скопје, во организација на Македонското Физиотерапевтско Здружение, Ве повикуваме за пријава на своите трудови за учество на истиот.

Прочитај повеќе

Аријан Селмани

Колегата Аријан Селмани како член на извршниот одбор беше претставник на Македонското физиотерапевтско здружение на Првиот Меѓународен конгрес на физиотерапевти во Приштина, Косовo во периодот од 19-20 октомври 2018 година. Воедно колегата се обрати на присутните со две свои презентации на тема “Физиотерапија кај Цистична Фиброза” и “FMS – Therapy of Future”

Прочитај повеќе

Кинезиотејпинг курс – 26/28 Октомври

Во периодот од 26-28 октомври во Zan Mitrev Clinic се одржува Кинезиотејпинг курс,во организација на Македонското физиотерапевтско здружение а со техничка подршка од нашата клиника.
Едукацијата ја спроведува кинезиотејпинг инструкторот Драган Димитријевиќ од Белград , Србија.

Прочитај повеќе

Физиотерапија & Цистична фиброза

Во рамките на Првата кампања за цистична фиброза(ЦФ)во Македонија– Хромо 7 беаорганизирани  „Денови на респираторната физиотерапија и цистичната фиброза“ (19-22 октомври 2018). Македонските и косовските физиотерапевти, како и ЦФ пациентите и нивните семејства, можеа да слушнат за најновите белгиски искуства во физиотерапевтскиот третман на пациентите со цистична фиброза.

Прочитај повеќе

ПОДРШКА НА ПАЦИЕНТИТЕ СО ЦФ ОД ЧЛЕНОВИТЕ НА МФЗ НА SKOPJE RUN 10

Повеќе од 20 директни учесници на градската трка дадоа подршка на пациентите со ЦФ и го носеа логото на кампањата #ХРОМО7. Меѓу учесниците беше и групата RUN FOR FUN MACEDONIA предводена од физиотерапевтот Александар Шарковски.

Прочитај повеќе

МРТ1 – Кампања за Цистична фиброза

Претседателот на МФЗ Блаже Арсов Blazhe Arsov гостуваше во утринската програма на Македонската Телевизија заедно со претседателката на Здружението за цистична фиброза Snezana Bojcin со цел промоција на кампањата #Chromo7

Прочитај повеќе

Физиотерапија кај лица со ретки болести во Македонија

Претседателот на Македонско физиотерапевтско здружение Г-дин Блаже Арсов зема активно учество на Семинарот за ретки болести во Кјустендил Р.Бугарија по покана од претседателот на Националната алијанса на лица со ретки болести на Бугарија Г-дин Владимир Томов .

Прочитај повеќе

Промоција на членство во МФЗ

Почитувани колеги физиотерапевти, Македонското физиотерапевтско здружение со цел да ги обедини сите физиотерапевти во Македонија нуди можности за поедноставно и побрзо зачленување. Сметаме дека сите треба да добијат можност да бидат дел од Македонското физиотерапевтското здружeние и затоа ние ви нудиме промотивно зачленување во здружението со гратис од 6 месеци доколку се уплати годишна членарина за 2019 до крајот на декември 2018 година.

Прочитај повеќе

Првата македонска мрежа на физиотерапевти.мк

Почитувани колеги ,Македонското физиотерапевтско здружение на 8ми септември по повод меѓународниот ден на физиотерапевтите 2018 година направи промоција и на првата македонска интернет мрежа за физиотерапевти www.fizioterapevti.mk.

Прочитај повеќе

Одбележувањето на Светскиот ден на Физиотерапевтите

Светскиот ден на физиотерапевтите е можност за нас физиотерапевтите во Македонија  да ја подигнеме свеста за клучниот придонес на нашата  професијата која ги одржува луѓето да бидат мобилни и независни. Овој ден се одбележува со единство и солидарност на глобалната физиотерапевтска заедница со цел да се признае делото што го прави секој физиотерапевт за своите пациенти.

Прочитај повеќе

Интервју на потпретседателот Велјаноски за веб порталот GostivarPress во пресрет на светкиот ден на физиотерапевтите

„Зафатени со обврски, луѓето не одржуваат психо- физичка кондиција!“
Во пресрет на Светскиот ден на физиотерапевтите, 8-ми Септември, направивме интервју со
гостиварецот Никодин Велјаноски, спец.физиотерапевт, потпретседател на Македонското
физиотерапевтско здружение.

Прочитај повеќе

Моето срце во сите бои – HEROES’ CAMP

Оваа година, од 9-ти до 15-ти јули се одржа традиционалниот летен камп „Моето срце во сите бои – HEROES’ CAMP” на којшто учествуваа деца кои имале интервенции или операции на срце во ZAN MITREV CLINIC .Кампот се одржува  10 години по ред во заедничка соработка со Црвениот крст на град Скопје  во прекрасниот амбиент на одморалиштето „Солферино” во Струга.

Прочитај повеќе

Physiotherapia Croatica 2018

Во периодот од 14- 16 јуни 2018 година во Загреб ,Хрватска се одржа меѓународен научен собир “Physiotherapia Croatica 2018“ во организација на Хрватскиот збор на физиотерапевти . По покана на претседателката на ХЗФ Снјежана Бенко на настанот присуствуваа и претседателот Блаже Арсов и потпретседателот Никодин Велјановски.

Прочитај повеќе

Се одржа курсот Zensegrity 2

Викендот од 8 до 10 јуни се одржа вториот модул од курсот Зенсегрити . Курсот беше предводен од нашите колеги, пријатели, одлични предавачи Крсистоф Струмф ( Германија ) и Ален Лилиќ ( Словенија ) .

Прочитај повеќе

Интервју на председателот Блаже Арсов за веб портал ФАКУЛТЕТИ.МК

Во име на доброто здравје на пациентите, државата е должна да изнајде соодветна опција за надминување на проблемите, вели Блаже Арсов, претседател на Македонското физиотерапевтско здружение

Прочитај повеќе

МФЗ стана дел од  #IPG/CF

Во периодот од 5 до 9 јуни во Белград Србија се одржува Европската конференција за цистична фиброза #ECFS2018 . Во рамки на конференцијата се одржа и курс за физиотерапевти за третман на пациенти со цистична фиброза на која учествуваа и колеги од Македонија .

Прочитај повеќе

Вози право, вози здраво 2018

На 03.јуни во  рамки на настанот “Вози право, вози здраво” во организација на стопанска банка , нашите членови физиотерапевти дадоа подршка на членовите и пријателите од здружението за цистична фиброза за подигнување на општествената свест за нивните проблеми и решавање на истите.

Прочитај повеќе

Интервју на претседателот Блаже Арсов за дневниот весник НЕЗАВИСЕН

На физиотерапевтите им се дозволува да завршат факултет, но не и да отворат свои ординации, реагираат од Македонското физиотерапевтско здружение и бараат Министерството за здравство да најде решение за нивниот проблем.

Прочитај повеќе

Интервју со Човекот што ја Создаде Филозофијата ZENSEGRITY

Германецот Кристоф Штрумф е физиотерапевт што создаде нов пристап во својата професија и и даде една поинаква димензија. Филозофијата се нарекува Зенсегрити (ZENSEGRITY). Прочитајте го неговото интервју (на англиски јазик) и дознајте нешто повеќе за оваа техника…

Прочитај повеќе

Реакција на Министерството за Здравство

Неопходни се измени на Законот за здравствена заштита за да можат и дипломираните физиотерапевти да го најдат своето место во здравствениот систем. По сторијата на Сител дека се принудени да ја помагаат сивата економија или да бегаат во странство каде професијата е барана и ценета, надлежните најавија решавање на нивниот децениски проблем.

Прочитај повеќе

50 години Македонска Физиотерапија и Работна терапија

На 23 февруари 2018, во Хотел Порта – Скопје се одржа прослава по повод одбележувањето  50 години Македонска Физиотерапија и Работна терапија во Република Македонија во организација на Здружението на професионални физиотерапевти на Македонија .

Прочитај повеќе

Курс – Zensegrity

Во периодот од 02.03.2018 – 04.03.2018 во просториите на хотел Карпош во Скопје за прв пат на балканот се одржа курсот – Zensegrity – Модул 1 – Карлица, во организација на Македонското Физиотерапевтско Здружение.

Прочитај повеќе

Работилница – 25ти Фебруари

На 25 фебруари во соработка со универзитетот Гоце Делчев во Штип се одржа работилница на тема “Мануелна терапија и мобилизација на ‘рбетен столб” работилницата беше водена од  доц. Д-р по мануелни техники  Тоше Крстев. Работилницата беше посетена од 30 физиотерапевти членови на Македонското физиотерапевтско здружение кои во периодот од неколку часови имаа можнсот да ги запознаат основите на мануелните техники за мобилизација на рбетниот столб . Извонредниот и добро познат Др.Тоше на присутните им ги пренесе своите искуства од областа на мануелната терапија .

Прочитај повеќе

Конференција – 24ти Фебруари

На  24 фебруари во 11 часот во Штип се одржа конференција на тема ”Новости во физиотерапијата” во соработка со универзитетот “Гоце Делчев”  . Настанот беше посетен од 70 физиотерапевти од источниот регион на Македонија кои имаа можност да слушнат и дебатираат на темите кои беа презентирани во склоп на програмата на конференција.

Прочитај повеќе

Почитувани колеги физиотерапевти !

Почитувани колеги физиотерапевти !

Македонското физиотерапевтско здружение успеа да се наметне во претходниот период како релевантен фактор во креирањето на физиотерапевтските политики во соработка со Светската конфедерација за Физиотерапија и партнер со другите здруженија во подобрувањето на условите физиотерапевтите во Македонија . Но борбата за остварување на физиотерапевтските права е напорна и бара здружување на силите ,затоа ве повикуваме да бидете дел од здружението , да се зачлените и дадете свој придонес .

Прочитај повеќе

Среќни Новогодишни и Божиќни празници

Почитувани колеги физиотерапевти

Пред Вас се отвара нова страница во која Ви посакувам водич да Ви биде знаењето и успехот, а упорноста во работата нека Ви биде цел за наредната година проследена со многу здравје и среќа.

Прочитај повеќе

Медикус Хелп -10% на секој член

Компанијата Медикус Хелп како подржувач и соработник на Македонско физиотерапевтско здружение одобрува попуст од -10% на секој член на здружението при купување во специјализираните продавници на Медикус Хелп.Попустот се остварува со прикажување на вашата членска картичка .

Прочитај повеќе

СКОПЈЕ ТРЧА – 10КМ

[vc_row][vc_column][vc_column_text]Минатиот викенд на 8 октмоври во Скопје се одржа трка под мотото “СКОПЈЕ ТРЧА 10КМ” на која учествуваа околу 900 спортисти . Во машка конкуренција учествуваше и нашиот активен член Г-дин Александар Шарковски  Дипл.Физиотерапевт кој успешно ја заврши трката и имаше одлични резултати како 59-ти кој ја помина целта од 500 машки учесници .

Прочитај повеќе

Ново Партнерство: Physio Gnosis

Македонско физиотерапевтско здружение потпиша договор за соработка со компанијата за едукација на физиотерапевти и здравствени работници Physio Gnosis од Софија , и на своите членовите им обезбеди можност да учествуваат на курсеви и семинари во Бугарија ,по специјални понуди.

Прочитај повеќе

Гостување на Претседателот на МФЗ на Алсат ТВ

Претседателот на здружението гостуваше  во  Утринската Програма (Dite e Re)  на Алсат ТВ  .

Се збореше на тема:” Физиотерапија ”

Видеото можете да го погледнете на следниов линк: https://youtu.be/xdiJ5JpLOfQ

„Физичка активност за живот“ е мотото и на нашите физиотерапевти

По повод светскиот ден на физиотерапевтите – 8 септември, тимот на физиотерапевтите од ЖАН МИТРЕВ КЛИНИКА се приклучуваат на годинешното мото“ Физичка активност за живот“, испраќајќи порака до сите за поголема физичка активност со што значајно ќе се придонесе за намалување на многу болести.

Прочитај повеќе

УКЛО објави Конкурс за упис на магистерски и докторски студии !

Конкурс за упис на пет студенти физиотерапевти на втор циклус на студии за академската 2017/2018 година на Висока медицинска школа – Битола

Повеќе информации на линкот :  http://univerzitet.mk/

8-ми Септември Светскиот ден на Физиотерапевтите

Светскиот ден на Физиотерапевтите се одбележува секоја година на “8-ми септември”. Денот е можност за физиотерапевтите од целиот свет да ја подигнат свеста за клучен придонес во професијата која ги одржува луѓето да бидат мобилни и независни.

 

Прочитај повеќе