Macedonian Society Of Physiotherapists

Учество на 2nd International congress of physiotherapists Prishtina 2023

Учество на 2nd International congress of Physiotherapists Prishtina 2023

На покана на Косовската комора на физиотерапевти и компанијата Искра медикал од Словенија пред 800 физиотерапевти од поширокиот регион Косово, Албанија, Италија, Турција, Хрватска, Словенија претседателот на МФЗ Блаже Арсов активно учествуваше со спроведување на работилницата на тема  “Функционална магнетна стимулација ” и воедно со презентација на тема “Functional magnetic simulation (FMS) vs. Electro-muscular stimulation (EMS) in patients with ICU-acquired neuromuscular weakness” .

Во рамки на конгресот остварена е средба со Esther-Mary D’Arcy претседателот на Европскиот регион при Светската конфедерација за физиотерапија .

Учество на Phisioterapia Croatica 2023

По покана на Хрватското здружение на физиотерапевти,  Блаже Арсов  претседател на македонското физиотерапевстско здружение, зема активно учество на меѓународниот конгрес на физиотерапевти Physiotherapia Croatica кој се одржа во периодот од 4 до 5 мај. Учество зедоа и над 150 физиотерапевти од регионот (Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Македонија).

Меѓу презентираните 30 труда од областа на физиотерапијата беше и оној на колегата Арсов на тема ” Физиотерапевски предизвици во третманот на пациенти со имплантиран ЛВАД ” (коавтори Лепосава Лазаровска и Д-р Тања Анѓушева).

Темата предизвика интерес и желба за воспоставување соработка и заедничко истражување во областа на третманот на пациенти со ЛВАД .

Исто така во рамките на конгресот Светското здружение за физикална терапија WORLD PHYSIOTHERAPY соопшти дека апликацијата за прием на МФЗ е одобрена од сите членки и дека официјално станува член на оваа светска организација .

 

МФЗ стана член на WORLD PHYSIOTHERAPY

Македонското физиотерапевтско здружение на 03.05.2023 официјално стана член на големото физиотерапевтско семејство WORLD PHYSIOTHERAPY .

Почитувани колеги МФЗ постои 6 години со идеја да ги обедини сите колеги физиотерапевти и заедно да ги оствариме нашите професионални права и да ја подигнеме македонската физиотерапија на светско ниво во интерес на нашите корисници-пациенти . 

Во овој контекст е и нашето зачленување во Светската физиотерапија (world physiotherapy) која ја прифати нашата апликација и во моментов сме  преставници на физиотерапевтите од Македонија .

МФЗ ќе продоложи со својата работа во организирање на едукативни настани во интерес на нашите членови и создавање на услови за подобрување на статусот на македонските физиотерапевти .

Официјалното известување објавено на веб страницата на world physiotherapy може да се најде на следниот линк : https://world.physio/news/world-physiotherapy-welcomes-two-new-member-organisations

Честитки до сите наши колеги !

Бесплатен вебинар “Респираторна физиотерапија и решенија за намален белодробен капацитет”

Колешката Олгица Димитров Дипл.Физиотерапевт од Жан Митрев клиника на 27.04.2023 одржа бесплатен вебинар на тема Респираторна физиотерапија и решенија за намален белодробен капацитет наменет за сите кои имаат респираторни проблеми но во исто време овој вебинар може да служи и како запознавање со оваа тема за сите физиотерапевти кои сакаат да се занимават со овој тип на физиотерапија .

Конгреси во регионот Мај 2023

Претседателот на Macedonian Society of Physiotherapists Г-дин Блаже Арсов наредниот месец ќе биде гостин на конгресите во регионот по покана на раководството на Здружението на Физиотерапевтите на федерацијата на Босна и Херцеговина Udruženje Fizioterapeuta Federacije BiH и Здружението на физиотерапевти на Хрватска Hrvatski zbor fizioterapeuta – Croatian Society of Physiotherapists .

ERGON Basic Course 2023

Mакедонското физиотерапевтско здружение во соработка со ERGON® Academy организира основен курс за мобилизација на меките ткива со помош на инструменти (IASTM) . Курсот ќе се одржи во Скопје на 16/17 јуни .

8ми март

Честит 8ми март !

Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа посебно инсистираше социјалистичкото движење. Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 г. под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум.

ergon basic course 2022

Се одржа курсот Ergon Basic IASTM

Во периодот од 17 до 18 декември 2022 година за прв пат во Македонија се одржа Ергон курсот на кој активно учество земаа 13 физиотерапевти од Македонија .Настанот се одржа во аудиториумот на Жан Митрев клиника во Скопје со подршка од нашите партнери Елмед доо од Скопје и Медикус Хелп

Курс REA TAPE Method

Курс REA TAPE Taping Method

Македонсктото физиотерапевтско здружение во соработка со PHYSIO MOTION ACADEMY, на 22/23 април 2023 во Скопје ,ќе одржи  курс kinesiology tape техника по лиценца на REA TAPE Taping Method.

Инструктор на настанот е Ивица Стојковиќ Специјалист физиотерапевт лиценциран инструктор за REA TAPE Taping Method .

Бројот на местата е ограничен на максимум 24 учесници.

Опис на семинарот :

Курс REA TAPE kinesiology трае два дена во кое е вклопено теоретски и практичен дел . Во програмта се предвидени 4 часа теоретска настава и 12 часа практична работа .Секој учесник на курсот ќе добијат две kinesyology траки, ножици, скрипта  и сертификат  за завршена овука за  Rea Tape Taping Method.

Едукацијата се спроведува преку проценка на состојбата на пациентот,анализа и клиничко резонирање за примена на соодветна  техника  и метод на кинезио траката . 

По завршувањето на практичниот дел следува евалуација на опфатената тема и доделување на сертификатот. За да се добие сертификат задолжително е присуство во текот на целиот семинар, т.е. двата дена. Со добиениот сертификат учесниците се потврдува дека учесниците можат  самостојно да ја применуваат оваа техника.


Програма на курсот :

  • Што е  kinesiology тејп 
  • Историјат и настанување на техниката 
  • индикации и контриндикации
  • начин на сечење на траката
  • различни техники на аплицирање
  • мерки на претпазливост при аплицирање
  • апликација на горни екстремитети
  • апликација на долни екстремитети
  • апликација на труп
  • лимфна дренажа
  • 6 D tape техника
  •  третман на лузни 
  • корективно лепење и стабилизација на сегмети

Учесниците на курсот е потребно да носат адекватна гардероба(кратки панталони и маица).

Регистрација за учество на следниот линк : 

повеќе информации на +38970772122 или на е-маил : president@mfz.mk

easyflossing

Easy flossing курс март 2023

Македонското физиотерапевтско здружение во соработка со Easy Flossing Academy (Germany) организира курс Easy FLOSSING на 25.03.2023 во периодот од 9-17 часот во аудиториумот во Жан Митрев клиника во  Скопје .Инструктор на курсот ќе биде Ивица Стојковиќ од Србија (Physiomotion Academy) .

Flossing е терапевтска техника при која се употребуваат гумени еластични ленти (band). Аплицирањето на еластичните ленти создава компресија на поголема површина која се задржува околу една минута .Во тој период терапевтот применува различни мауелни техники според претходните индикации и заедно со пациентот се изведуваат активни или пасивни движења.После неколку минути лентата се вади и може да се забележи зголемен обем на движење и намалување на болката. По механичката компресија предизвикана од гимените еластични ленти значително се зголемува крвотокот а со тоа и апсорпцијата на наталожените метаболни продукти во ткивата кои ги третираме .За да се постигне овој ефект потребни ви се оригинални Flossingband-траки, добри мануелни техники , и соодветно знаење за ефикасна примена .

На курсот ќе се запознаете со :

*како функционира флосингот

*како да се постави флосин траката

*која боја трака е за која инидикација

*индикации & контраиндикации

*теорија+практичен дел

*комбинација на флосинг со другите терапевтски техники

*флосинг во лимфологија и нверологија

*флосинг во спортската физиотерапија.

Со оваа обука добивате 4 различни flossing траки ,соодветнo и неопходно териско и практично знаење за успешна примена на флосинг техниката.

Курсот вклучува :

*теоретски и практичен дел

*4 флосинг

*германски сертификат од Easy Flossing Academy

Котизација за учество :

 180 евра во денарска противвредност за сите членови на македонското физиотерапевтско здружение со платена членарина за 2023 .

200 евра во денарска противвредност за сите физиотерапевти .

Регистрација и електронска наплата за учество на курсот на слениот линк :

Курс Easy flossing Март 2023 – Македонско Физиотерапевтско Здружение (mfz.mk) 

Уплата преку банка најдоцна до 15 март 2023 година на Жиро сметка на

Македонското физиотерапевтско здружение

НЛБ ТУТУНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ 210072165990137