Macedonian Society Of Physiotherapists

FMS workshop Skopje 2026

FMS workshop Македонија 2026 | Функционална магнетна стимулација

 

На 14 март 2025 година во Македонија успешно се одржа FMS (Functional Magnetic Stimulation) workshop, во организација на Елмед и Iskra Medical од Словенија. Работилницата ја предводеше искусниот физиотерапевт Матеј Рапник, кој презентираше современи пристапи во примена на функционална магнетна стимулација во клиничка пракса.

Оваа FMS работилница беше наменета за физиотерапевти, лекари и здравствени професионалци кои сакаат да ги унапредат своите знаења за неинвазивни терапии и модерни рехабилитациски методи. Посебен акцент беше ставен на третман на спортски повреди, мускулна слабост и невромускулни дисфункции.

 

Во рамки на настанот беа опфатени следните теми:

  • Основи на функционална магнетна стимулација (FMS)
  • Механизам на дејство и физиолошки ефекти
  • Примена на FMS кај спортски повреди
  • Рехабилитација на мускулни и невролошки состојби
  • Практична демонстрација со FMS апаратура
  • Клинички протоколи и реални случаи

 

Големиот интерес за FMS технологијата ја потврдува растечката побарувачка за напредни, неинвазивни терапевтски решенија во современата физиотерапија во Македонија.

 

Овој workshop претставува значаен чекор кон имплементација на нови технологии во рехабилитацијата и унапредување на квалитетот на здравствените услуги.

kinesiotaping работилница 2025

Kinesiotaping работилница

 

Македонското физиотерапевтско здружение во соработка со Фила Фарм организираше Kinesiotaping Работилница која  се одржа на 25.10.2025 (сабота) во аудиториумот на Клиниката Жан Митрев.

Голем број на учесници имаа можност да присуствуваат на работилницата која  ја водеше физиотерапевтот Драган Димитријевиќ од Србија, кој воедно е и сертифициран кинезиотејпинг инструктор на Kinesio university .

Присутните се запознаа со  историјата на кинезиотејпингот , механизамот на дејство и неговата  еволуција во дијагностиката , демонстрација на примена кај болни состојби, локални едеми-хематоми. Кинезиодијагностика за долниот дел од грбот и примена кај мускулите на лумбалниот и долниот торакален дел од грбот…

Фила фарм скоро 10 години е официјален дистрибутер на оригиналните кинезио траки со што на сите здравствени работници им овозможува да работат со безбедни материјали со врвен кавлитет. Освен тоа фила фарм се грижи и за едукацијата на здравствените работници со цел подобро запознавање на кинезиотејпинг техниката и совладување на повеќе вештини за примена на траките.

Основачот на кинезиотејпингот покојниот Кензо Касе на неколку пати на покана на МФЗ ја посети Македонија и  Жан Митрев клиника при што во Април 2019 година ја  спроведе последната кинезиотејпинг работилница во Македонија.

Настанот беше потпомогнат од компанијата ЕЛМЕД и колегите имаа можност да ги пробаат добро познатите кревети за физиотерапија од брендот Hybis .


























Kinesiotaping работилница

Македонското физиотерапевтско здружение во соработка со Фила Фарм ви претставува: Kinesiotaping Работилница.
 
👉 Настанот ќе се одржи на 25.10.2025 (сабота) во период од 09:00 до 15:00 часот, во Клиниката Жан Митрев, Аудиториум, III спрат.
 
👉 Бројот на учесници е ограничен на максимум 20. Работилницата ќе ја води сертифициран кинезиотејпинг инструктор Драган Димитријевиќ ( Србија ), кој ќе го сподели своето искуство и експертиза преку практична и теоретска обука.
 
Котизацискиот пакет изнесува 6.000 денари и вклучува две кинезио траки (1 Kinesio Tex Classic и 1 Kinesio Fingerprint), едукативен материјал и кафе паузи.
 
✅ За сите кои ќе се регистрираат најдоцна до 01.10.2025 обезбедуваме промотивна цена од 5.350 денари.
 

Програма: Историја на техниката кинезиотејпинг, механизам на дејство на методот кинезиотејпинг, еволуција на дијагностиката на кинезиотејпинг, демонстрација на примена кај болни состојби, локални едеми-хематоми. Кинезиодијагностика за долниот дел од грбот и примена кај мускулите на лумбалниот и долниот торакален дел од грбот…

Целни групи за учество : физиотерапевти, доктори, ортопеди, спортски работници , физиотерапевти од четврта година средно .

Информациите за уплата погледнете ги на нашата веб-страна https://filafarm.com.mk/kinesiotaping-rabotilnica/ или контакт на (0)2 310 4996 и prodazba@filafarm.com.mk 
 
Се гледаме на 25.10.2025, да се едуцираме и надоградуваме.
 
Facebook
Twitter
LinkedIn

Интервју за Македонски медиа сервис

Физиотерапевтите се есенцијален дел од здравствениот синџир, но три децении не се наоѓа трајно решение за физиотерапевтската дејност, која треба да ја уредат закон и формирање на комора на физиотерапевти, a која ќе издава лиценци. Оваа лиценца ќе ја расчисти забуната меѓу поимите физијатар, физиотерапевт, но и јасно профилирање на физиотерапевтите од масажерите курсисти и популарните „местачи“ кои се претставуваат како професионалци во професијата.

Webinar ACL Rehab with Alli Gokeller

Целта на овој вебинар е да ги запознае заинтерисраните за учество на курсот и да ги претстави теоретските и практичните принципи на моторното учење, невропластичноста и неврокогницијата.

Повредата на предниот вкрстен лигамент (ACL) има големо влијание врз спортистот, земајќи го предвид изгубеното време за спорт и психолошките ефекти што произлегуваат од тоа, како и долгорочните последици поврзани со вообичаената патологија како што се повредите на менискусот или остеоартритисот. Реконструкцијата на ACL се препорачува за многу спортисти кои сакаат да продолжат да играат спорт по повреда на ACL.

Одлучувањето кога спортистот е подготвен да се врати во спортот е тешко и предизвикувачки за лекарите од повеќе причини. И покрај развојот на упатства за враќање во спортот во последниве години, сè уште има повеќе прашања отколку одговори во врска со оптималните критериуми за враќање во спортот по реконструкцијата на ACL. Недостатокот на научен консензус за критериумите што треба да се преземат за ослободување на спортистите на неограничени спортски активности – враќање во игра – по реконструкцијата на ACL, може да придонесе за зголемен ризик од повторна повреда бидејќи враќањето можеби било прерано.
Враќањето во спортот треба да се гледа како континуитет и како процес цело време додека спортистот не го достигне нивото да се врати на целосните перформанси.

д-р. Али Гокелер ги прикажува најновите истражувања и студии засновани на резултати за да ви помогне да постигнете најдобра практика во вашата клиничка работа во вашата секојдневна рутина.

Вебинарот ќе се одржи на ZOOM платформата на следниот линк  https://uni-paderborn-de.zoom-x.de/j/61129715640?pwd=SUgvZSs2YlduQXZLczVqSVFHeFBUZz09

(ОДЛОЖЕН !)Реконструкција на ACL. Како да го вратите вашиот спортист (безбеден) на теренот

Македонското физиотерапевтско здружение организира курс на тема реконстрикција на преден вкрстен лигамент (ACL) .Какода го вратите вашиот спортист (безбедно) на терен . 

ERGON Basic Course IASTM – Јануари 2024

Mакедонското физиотерапевтско здружение во соработка со ERGON® Academy организира  основен курс за мобилизација на меките ткива со помош на инструменти (IASTM) . Курсот ќе се одржи во Скопје на 20/21 јануари 2024 .

The ECFS Physiotherapy Special Interest International Group (PhySIIG) is proud to announce a webinar as part of the “Bitesize Physiotherapy Series”: Aims/ Objectives: At the end of the session, the participant will be able to: 1. Describe the different evidence based Oscillating PEP devices available and the rationale for their use. 2. Report on the scientific evidence underpinning these devices together with indications, precautions and contraindications. Target audience: All members of the multi-disciplinary team including physiotherapists, doctors, nurses, dietitians, psychologists, social workers etc. Suitable for both adult and pediatric teams. The webinar will be recorded and available on the ECFS Education Platformafterwards for ECFS members OSCILLATING PEP (POSITIVE EXPIRATORY PRESSURE)

Интернационалната физиотерапевтска група специјализирана за цистична фиброза организира вебинар на 7 септември  2023 .

Интернационалната физиотерапевтска група специјализирана за цистична фиброза организира вебинар на 7 септември 2023 .

20то Генерално собрание на World physiotherapy 2023

Претседателот на Македонското физиотерапевтско здружение Блаже Арсов во периодот од 30-31 мај 2023  учествуваше преку on line платоформа на 20-то генерално собрание на Светската физиотерапија каде и официјално беше претставено Македонското физиотерапевтско здружение како нов член на world physiotherapy заедно со другите физиотерапевтски здруженија од светот.
 
Во 2023 година, Светската физиотерапија има 129 организации како свои членки, а 118 делегати со право на глас од организациите членки на Светската физиотерапија учествуваа на изборите на 20-тиот генерален состанок на организацијата на 30-31 мај 2023 година во хотелот Конрад, Дубаи, Обединетите Арапски Емирати и онлајн.

Од 118 делегати со право на глас, во електронското гласање учествуваа 115.

По два круга гласање за претседател беше избран Мајкл Лендри член на Канадската физиотерапевтска асоцијација ,а за потпретседател Suh-Fang Jeng од член на Тајванската физиотерапевтска асоцијација

Македонското физиотерапевтско здружение како полноправен член на world physiotherapy имаше право директно да учествува во гласањето за ново раководство на истоимената организација .
 
Повеќе информации на следниот линк.

Учество на Петтиот меѓународен конгрес на физиотерапевти на Босна и Херцеговина

Почитувани ,

Во периодот од 19 до 21 мај 2023  претседателот Блаже Арсов и колешката Олгица Димитров активно учествуваа на Петтиот меѓународен конгрес на физиотерапевти на Босна и Херцеговина.

Олгица Димитров се претстави со  презентација  на тема “Физиотерапија при тотално вештачко срце (TAH)-приказ на случај” .

Блаже Арсов одржа работилница на тема “Респираторна физиотерапија + неинвазивна механичка вентилација”  која се одржа во клиничкиот болнички центар во Тузла на клиниката за физикална медицина .

Работилницата беше единствена од овој тип на конгресот на која беа присутни 15 физиотерапевти од различни клинички центри и студенти од Босна кои се насочени во оваа област.

Конгресот беше посетен од 180 гости од Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска , Холандија, Шпанија, и Словенија .

За спроведната работилница и одржаната едукација на босанаските колеги Здружението на физиотерапевти на БИХ  додели благодарница со желба за понатамошна соработка размена на искуства во областа на кардио-респираторната физиотерапија и желба за посета на нашата болница .

На конгресот присуствуваше и Кармен Суарез (Carmen Suárez) потпретседател на европскиот регион на светското здружение за физикална терапија
https://www.erwcpt.eu/ ) со која воспоставивме директен контакт и имавме можност да ја претставиме  физиотерапијата во Македонија  .

Македонското физиотерапевтско здружение продолжува да ја гради својата соработка со сите здруженија претставници на физиотерапевтите во регионот .

.

Учество на Phisioterapia Croatica 2023

По покана на Хрватското здружение на физиотерапевти,  Блаже Арсов  претседател на македонското физиотерапевстско здружение, зема активно учество на меѓународниот конгрес на физиотерапевти Physiotherapia Croatica кој се одржа во периодот од 4 до 5 мај. Учество зедоа и над 150 физиотерапевти од регионот (Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Македонија).

Меѓу презентираните 30 труда од областа на физиотерапијата беше и оној на колегата Арсов на тема ” Физиотерапевски предизвици во третманот на пациенти со имплантиран ЛВАД ” (коавтори Лепосава Лазаровска и Д-р Тања Анѓушева).

Темата предизвика интерес и желба за воспоставување соработка и заедничко истражување во областа на третманот на пациенти со ЛВАД .

Исто така во рамките на конгресот Светското здружение за физикална терапија WORLD PHYSIOTHERAPY соопшти дека апликацијата за прием на МФЗ е одобрена од сите членки и дека официјално станува член на оваа светска организација .

 

МФЗ стана член на WORLD PHYSIOTHERAPY

Македонското физиотерапевтско здружение на 03.05.2023 официјално стана член на големото физиотерапевтско семејство WORLD PHYSIOTHERAPY .

Почитувани колеги МФЗ постои 6 години со идеја да ги обедини сите колеги физиотерапевти и заедно да ги оствариме нашите професионални права и да ја подигнеме македонската физиотерапија на светско ниво во интерес на нашите корисници-пациенти . 

Во овој контекст е и нашето зачленување во Светската физиотерапија (world physiotherapy) која ја прифати нашата апликација и во моментов сме  преставници на физиотерапевтите од Македонија .

МФЗ ќе продоложи со својата работа во организирање на едукативни настани во интерес на нашите членови и создавање на услови за подобрување на статусот на македонските физиотерапевти .

Официјалното известување објавено на веб страницата на world physiotherapy може да се најде на следниот линк : https://world.physio/news/world-physiotherapy-welcomes-two-new-member-organisations

Честитки до сите наши колеги !

Бесплатен вебинар “Респираторна физиотерапија и решенија за намален белодробен капацитет”

Колешката Олгица Димитров Дипл.Физиотерапевт од Жан Митрев клиника на 27.04.2023 одржа бесплатен вебинар на тема Респираторна физиотерапија и решенија за намален белодробен капацитет наменет за сите кои имаат респираторни проблеми но во исто време овој вебинар може да служи и како запознавање со оваа тема за сите физиотерапевти кои сакаат да се занимават со овој тип на физиотерапија .

ERGON Basic Course 2023

Mакедонското физиотерапевтско здружение во соработка со ERGON® Academy организира основен курс за мобилизација на меките ткива со помош на инструменти (IASTM) . Курсот ќе се одржи во Скопје на 16/17 јуни .

“Practical course on taking measurements for lymphedema products”

Македонското физиотерапевтско здружение во соработка со компанијата Medicus Help на 22.02 2023 година во просториите Медикус Хелп во Скопје организираше едукативен настан за третман на лимфедеми

ergon basic course 2022

Се одржа курсот Ergon Basic IASTM

Во периодот од 17 до 18 декември 2022 година за прв пат во Македонија се одржа Ергон курсот на кој активно учество земаа 13 физиотерапевти од Македонија .Настанот се одржа во аудиториумот на Жан Митрев клиника во Скопје со подршка од нашите партнери Елмед доо од Скопје и Медикус Хелп

Курс REA TAPE Method

Курс REA TAPE Taping Method

Македонсктото физиотерапевтско здружение во соработка со PHYSIO MOTION ACADEMY, на 22/23 април 2023 во Скопје ,ќе одржи  курс kinesiology tape техника по лиценца на REA TAPE Taping Method.

Инструктор на настанот е Ивица Стојковиќ Специјалист физиотерапевт лиценциран инструктор за REA TAPE Taping Method .

Бројот на местата е ограничен на максимум 24 учесници.

Опис на семинарот :

Курс REA TAPE kinesiology трае два дена во кое е вклопено теоретски и практичен дел . Во програмта се предвидени 4 часа теоретска настава и 12 часа практична работа .Секој учесник на курсот ќе добијат две kinesyology траки, ножици, скрипта  и сертификат  за завршена овука за  Rea Tape Taping Method.

Едукацијата се спроведува преку проценка на состојбата на пациентот,анализа и клиничко резонирање за примена на соодветна  техника  и метод на кинезио траката . 

По завршувањето на практичниот дел следува евалуација на опфатената тема и доделување на сертификатот. За да се добие сертификат задолжително е присуство во текот на целиот семинар, т.е. двата дена. Со добиениот сертификат учесниците се потврдува дека учесниците можат  самостојно да ја применуваат оваа техника.


Програма на курсот :

  • Што е  kinesiology тејп 
  • Историјат и настанување на техниката 
  • индикации и контриндикации
  • начин на сечење на траката
  • различни техники на аплицирање
  • мерки на претпазливост при аплицирање
  • апликација на горни екстремитети
  • апликација на долни екстремитети
  • апликација на труп
  • лимфна дренажа
  • 6 D tape техника
  •  третман на лузни 
  • корективно лепење и стабилизација на сегмети

Учесниците на курсот е потребно да носат адекватна гардероба(кратки панталони и маица).

Регистрација за учество на следниот линк : 

повеќе информации на +38970772122 или на е-маил : president@mfz.mk

FASCIA BODYWORK LEVEL I

FASCIA BODYWORK LEVEL I

FASCIA BODYWORK LEVEL I

Македонското физиотерапевтско здружение ви го претставува следниот курс “FASCIA BODYWORK” LEVEL I кој ќе се одржи на 11-12 февруари 2023 во Скопје во соработка со здружението “Екуилибрис” од Србија .

Станува збор за едукација наменета за здравствени работници, физиотерапевти, физијатри и кинезитерапевти. Фасцијата ја сочинуваат широка лепеза на телесни ткива во која спаѓаат мембраната, лигаменти, тетиви, висцера, менингите, мезентериумот. Поголемиот дел од овие ткива потекнуваат од мезодермот кој уште во текот на ембрионалниот развој започнува специфични движења како спирално извртување односно собирање и развлекување (coiling or rolling movement).

Од него започнуваат наследните микродвижења т.е. мотилитет кои се толку многу важни кај многубројните остеопатски техники во дијагнозата и третманот.

Фасцијата се наоѓа на секое ниво на човечкото тело и го сочинува основниот елемент на човечката физиологија. Служи како прва линија на нашата одбрана и функционира независно од ЦНС (централниот нервен систем) што е уште една причина за да се нарече “Периферен мозок”. Од механичка гледна точка фасциите се организирани во ланци и слоеви со цел да го одбранат телото од рестрикција – ограничување. Кога рестрикциите ќе прејдат одреден праг на толеранција фасцијата одговара така што го модифицира својот вискоеластицитет, менувајќи ги колагенските влакна и трансформирајќи здрави фасцијални ланци во променетите – патолошки ланци.

Фасцијата ја помни секоја траума која доведува до промена на мотилитетот. Низ сензитивноста на рацете, можеме да перцепираме движења на микрониво и на тој начин да детекриаме пореметување на мотилитетот, што ни открива за историјата на болеста на пациентот.

Разните терапевтски техники, кои се прилагодени на секој пациент се во состојба да го вратат нормалниот мотилитет. На тој начин фасцијалните промени може да бидат избегнати со што се овозможува телото да ги врати нормалните физиолошки функции.

Од оваа причина може да се каже дека здравјето на секоја личност во голем дел се рефлектира на фасцијата.

Курост Fascia Bodywork овозможува обилни информации поврзани за фасцијалните ткива од агол на ембриологија, анатомија, хистологија и патологија.

Преку овој курс ќе бидат претставени улогата и механизмите на функционирањето на фасцијалните слоеви, дијагностички тестови и соодветни терапевтски третмани како миофасцијални техники низ практична работа.

За време на курсот потребно е учесниците да носат памучни тренерки, маица и папучи.

Информации за учество :

Регистрација на веб страницата на МФЗ на следниот линк https://mfz.mk/nastani/fascia-bodywork-level-i/

Котизација :

Рана регистрација од 01.11-31.12.2022 год.

20,300 денари (330 евра) за членовите на Македонското физиотерапевтско здружение

21,500 денари (350 евра) за сите други здравствени работници

Доцна регистрација  од 01.01.2023 – 01.02.2023 год.

22,300 денари (360 евра) за членовите на Македонското физиотерапевтско здружение

24,000 денари (390 евра) за сите други здравствени работници

Инструктор : Драган Димитријевиќ,Србија . dragandimitrijevic@yahoo.com

VFT, CKTI, Theraband инструктор, Yumeiho терапевт, Shiatsu практичар, OBT инструктор, CST, Fascia Bodywork инструктор, VMT

За време на курсот потребно е учесниците да носат памучни тренерки, маица и папучи.

Ограничен број на учесници ! 

ERGON Course

Mакедонското физиотерапевтско здружение во соработка со ERGON® Academy организира  курс за мобилизација на меките ткива со помош на инструменти (IASTM) . 

Курсот ќе се одржи во Скопје на 17/18 декември .

Котизација за учевство на курсот :

за членови на МФЗ (подмирена годишна членарина за 2022)

550евра со сет алатки / 300 евра без алатки

За сите други физиотерапевти 

590 евра со сет алатки /350 евра без алатки 

Што може да очекувате од  ERGON Basic IASTM курс

Станува збор за дводневен курс на кој ќе се стекнете со знаење и вештини за примена на техниката за мобилизација на ткива со помош на инструменти (IASTM) . Едукацијата се спроведува по 12 часа дневно ефективно време во два дена при што ќе  бидете подготвени да ја користите оваа техника .

Курсот  покрива теоретски и практични познавања со дополнителна практична обука .

Методолигијата на наставата е базирана на практична работа која се изведува под надзор од инструктори во групи од двајца до тројца учесници , при што се поминува материјал на сите анатомски структури и сите чести муксулно скелетни повреди .

Курсот ќе се спроведе на англиски јазик и дополнително се преведува по потреба на учесниците.

ERGON IASTM Technique ти овозможува да направиш:

Проценка:

Да ги процениш мускулите и фасцијата за да го лоцираш фиброзното ткиво

Ослободување :

  • со мобилизирање на вкрстените врски помеѓу сврзното ткиво
  • со стимулирање на анаболните процеси на меките ткива
  • со намалување на акумулацијата на ткиво со лузни
  • со намалување на вкочанетоста на веќе формираните акумулации на сврзното ткиво
  • со предизвикање на контролирани микро повреди за да предизвика линеарно повторно врзување на ткивото
  • со менување на микроваскуларната морфологија и предизвикување на хиперемија
  • со зголемување на регрутираните фибробласти и нивно активирање што доведува до регенерација и реставрација на повредениот колаген

Корекција:

  • го забрзува обновувањето на ткивото преку зголемен проток на крв и активирање на фибробластите
  • олеснување на рефлексните промени и корекција на шемите на активирање на мускулите
  • враќање на еластичноста на меките ткива
  • мобилизирање на едеми и хематоми
  • зголемување на мускулната тензија околу зглобовите зголемување на одговорот на хистамин по дејството на мастоцитите
  • правилни постурални промени

Изведете:

  • намалување на болката и мускулниот спазам
  • враќање на опсегот на движење на зглобовите
  • придонесуваат за функционална рехабилитација
  • подобрување на протокот на крв и лимфа

За кого е наменет овој курс ?

Учесниците мора да бидат лиценцирани професионалци со соодветно медицинско високо образование со теоретско знање на анатомија и кинезиологија на човечкото тело .Од корист би било претходно познавање на техники за мекоткивна мобилизација.

Дипломирани Физиотерапевти , Кинезиолози , ортопеди .

Цели на курсот :

1.Разбирање на теоријата зад практиката на IASTM и нејзината употреба за лекување на повреди на меко ткиво и фасција.

2.Користење на клиничката опрема (ERGON® Tools) за да:

2.1 за ефикасна проценка на миофасцијалните ограничувања

2.2 за да бидете целосно способни за лекување на повеќето мускулно-скелетни патологии/повреди

2.3 за да комбинирате техники (ERGON® Техника и кинезиотерапија) – Олеснете ја функционалната рехабилитација

2.4 Инкорпорирање на ERGON IASTM техниките во протоколите за третман во комбинација со истегнување и функционална рехабилитација, целосно познавање на индикациите и контраиндикациите на апликациите.

 

Регистрација на следниот линк : https://forms.gle/CVYr7Hs8qL16usRx6

Резервација на место за  настанот на следниот линк: https://mfz.mk/nastani/%D0%B5rgon/

повеќе информации за техниката на следните линкови : 

https://fizioterapevti.mk/%d0%bc%d0%be%d0%b1%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d0%b7%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%b5%d0%ba%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d1%82%d0%ba%d0%b8%d0%b2%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d0%bf%d0%be%d0%bc%d0%be%d1%88/

https://ergontechnique.com/ergon-worldwide/

 

Easy flossing курс – Скопје 2022

На 11 јуни 2022 година во аудиториумот на Жан Митрев клиника се одржа Easy flossing курс во организација на Македонското физиотерапевтско зружение во соработка со Easy flossing Academy од Германија. Едукацијата беше спроведна од сертифициран инструктор Г-дин Ивица Стојковиќ (Србија) од Physio motion Srbija . 

На курсот активно учествуваа седум физиотерапевти од различни региони од Македонија при што имаа можност да се едуцираат за примена на голем број на флосинг апликации и комбинирање на истата со други мануелни техники .

Воедно ова се првите македонски физиотерапевти кои се и официјално сертифицирани во Македонија за примена на оваа техника . Истите од денес се наоѓаат и нашата веб платформа www.fizioterapevti.mk и се лесно достапни за пациентите кои имаат потреба од овој тип на третман .

Имајки предвид одличната презентација и професионалноста на колегата Ивица Стојковиќ наскоро повторно ќе биде спроведен истиот курс.

За повеќе информации за нашите нови настани следете на нашата веб страница и нашите социјални медиуми (facebook@makfizio , insta@mfz.mk) .

zensegrity dry nedlling 2022

27-29 мај Зенсегрити Dry nedlling Course

Zensegrity Dry nedlling курс

Во периодот од 27 до 29 мај во аудиториумот на Жан Митрев клиника се одржа основен курс за Зенсегрити Dry nedlling  во организација на Македонското физиотерапевтско зружение.Предавачи на овој курс беа добро познатите пријатели Кристоф Струмф (Германија) и Ален Лилиќ (Словенија) . 

На курсот активно учествуваа 27 физиотерапевти при што имаа можност да се едуцираат за основните техники за употреба на оваа техника комбинира со други мануелни техники .

Имајки предвид интересот од учесниците ви најавуваме дека МФЗ ќе започне наскоро со организација првиот дел од Зенсегрити за во октомври 2022 година.

Повеќе инфо наскоро ќе има објавено на нашата веб страница и нашите социјални медиуми (фејсбук и инстаграм).

драј нидлинг 2022
zensegrity dry nedlling 2022
dry needling

Курс Zensegrity Dry needling

Македoнското физиотерапевтско здружение организира курс Zensegrity Dry needling во периодот од 27.05 до 29.05.2022 година во Скопје .Предавачи на настанот се Кристоф Струмф (Германија) и Ален Лилич (Словенија) .

Физиотерапија при ковид и пост ковид состојби

Македонското физиотерапевтско здружение вчера 03.07.2021 , го одржа првиот семинар во 2021 година после подолго време поради епидемијата со ковид 19 која го зафати светот .
Настанот се одржа во аудиториумот во Жан Митрев клиника во Скопје во соработка со Фила Фарм .Темата на семинарот беше “Физиотерапија при ковид и пост ковид состојби” , програмата беше составена од 4 презентации :

Прочитај повеќе

Зенсегрити модул 4 – 2019

Во периодот 14 до 16 јуни во Штип се одржа 4от модул од курсот Зенсегрити на кој учествуваа 25 Македонски физиотерапевти.
Курсот беше предводен од иноваторот на техниката Christoph Stumpf од Германија и Alen Lilic асистент инструктор од Словенија.

Прочитај повеќе

Симпозиум на тема физиотерапија кај деца со спинална мускулна атрофија и мускулна дистрофија

Вчера на 8.06.2019 во рамки на 7мата регионална конференција во Струга во хотел Дрим се одржа сателит симпозиум на тема физиотерапија кај деца со спинална мускулна атрофија и мускулна дистрофија.

Прочитај повеќе

Одбележување на Светскиот ден на мултипла склероза

На 30 Мај во Еу инфо центарот во Скопје се одбележа Светскиот ден на мултипла склероза во организација на Националното здружение за Мултипла склероза .

Прочитај повеќе

42-рата меѓународна медицинска конференција на студентите по медицина

Претседателот на македонското физиотерапевтско здружение Дипл.ФТ Блаже Арсов учествуваше на 42-рата меѓународна медицинска конференција на студентите по медицина како поканет предавач и ја презентираше кинезиотејпинг техниката пред идните доктори.

Прочитај повеќе

Кинезиотејпинг 1 и 2 – 2019

Во периодот од 31 Мај до 2 Јуни 2019 во Скопје во просториите на Жан Митрев клиника се одржа втор пат  Кинезиотејпинг курс 1/2 ниво во организација на Македонското физиотерапевтско здружение и Фила Фарм  .
Курсевите кои се организираат во Македонија од страна на МФЗ се во директна соработка со Kinesio University и Фила Фарм со што на македонските физиотерапевти им овозмужуваме да се едуцираат од основачите на оваа техника .

Прочитај повеќе

ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ НА WCPT – 2019 – ЖЕНЕВА

 

Раководството на Македонското физиотерапевтско здружение во периодот од 07.05 – 10.05 присуствуваше на Генералното собрание на Светската конфедерација за Физикална терапија во Женева, Швајцарија по покана на организаторите на настанот.

Прочитај повеќе

KINESIO-MEDICAL TAPING (21 Април 2019)

На 21 Април  во аудиториумот на клиничка болница Жан Митрев се одржа семинар на тема “KINESIO-MEDICAL TAPING” .Во програмата директно учествуваше и иноваторот на светски познатата техника кинезиотејпинг Др.Кензо Касе , кој заедно со својот колега Коичи Кимура се претставија пред македонските физиотерапевти . Во рамки на настанот Др.Кензо направи промоција на новите производи од неговата работилница Finger Print Light Touch и Performace Plus и ја образложи нивната употреба во областа на педијатријата и геријатрија .

Прочитај повеќе

Кампањата ХРОМО 7

На 15 април 2019,во 18:00 часот во Кинотека на Република  Македонија во склоп на кампањата ХРОМО 7  се одржа проекција на европскиот филм „Кислород“ . Со ова продолжи кампањата која започна минатата година на 8ми септември од светскиот ден на физиотераепевтите  во партнерство со Здружението за Цистична фиброза на Македонија . Филмот е приказна  за двајца млади луѓе, кои ги спојува ретката болест – цистична фиброза и нивните релации со семејството и љубовта која ја откриваат во болничките ходници. Извонредна сторија, добитник на 9 награди и 10 номинации на филмските фестивали.

Прочитај повеќе

Кинезио-семинар и работилица на 21 Април 2019

Македонското физиотерапевтско здружение во соработка со компанијата ФИЛА-ФАРМ од Скопје организира Кинезио-семинар и работилица  на 21.април 2019 година во 10 часот во  Жан МИтрев Клиник Скопје,гостин на семинарот ќе биде Др.Кензо Касе иноваторот на кинезиотејпингот техника .

Прочитај повеќе

Средба со претседателката на европскиот регион на светската конфедерација на физиотерапевти

Претседателот на Македонско физиотерапевтско здружение Дипл.ФТ. Блаже Арсов имаше средба со претседателката на европскиот регион на светската конфедерација на физиотерапевти Г_ѓа Esther-Mary D’Arcy, во Скопје во текот на нејзината службена посета на Македонија.

Прочитај повеќе

Кинезиотејпинг 1 и 2

Овој 3 дневен семинар е креиран да им овозможи на учесниците да се запознаат со начинот на делување, тестовите за проценка како и начинот на апликација на Kinesio Taping® методата. Учесниците ќе бидат запознаени со историјатот, механизмот на делување на лентата на различни рецептори во ткивата како и терапевтските ефекти кои може да се појават.

Прочитај повеќе

Клиничка Физиотерапија – 15 – 16.12.2018

Во периодот од 15 – 16.12.2018 во аудиториумот на Жан Митрев Клиника, во Скопје, а во организација на Македонското Физиотерапевтско Здружение се одржа завршниот семинар за 2018 година на тема “Клиничка Физиотерапија”.

Модерна Медицинска Акупунктура

Во периодот од 2- 4 ноември во Скопје се одржа семинар на тема Модерна медицинска акупунктура
Семинарот беше во организација на Македонското физиотерапевтско здружение со техничка подршка на компанија Елмед .

Прочитај повеќе

Конференција – Клиничка Физиотерапија

Почитувани колеги,

Во име на Научниот одбор на конференцијата  “Клиничка Физиотерапија”кој ќе се одржи на 15 – 16.12.2018 година во Жан Митрев Клиника – Скопје, во организација на Македонското Физиотерапевтско Здружение, Ве повикуваме за пријава на своите трудови за учество на истиот.

Прочитај повеќе

Физиотерапија & Цистична фиброза

Во рамките на Првата кампања за цистична фиброза(ЦФ)во Македонија– Хромо 7 беаорганизирани  „Денови на респираторната физиотерапија и цистичната фиброза“ (19-22 октомври 2018). Македонските и косовските физиотерапевти, како и ЦФ пациентите и нивните семејства, можеа да слушнат за најновите белгиски искуства во физиотерапевтскиот третман на пациентите со цистична фиброза.

Прочитај повеќе

Одбележувањето на Светскиот ден на Физиотерапевтите

Светскиот ден на физиотерапевтите е можност за нас физиотерапевтите во Македонија  да ја подигнеме свеста за клучниот придонес на нашата  професијата која ги одржува луѓето да бидат мобилни и независни. Овој ден се одбележува со единство и солидарност на глобалната физиотерапевтска заедница со цел да се признае делото што го прави секој физиотерапевт за своите пациенти.

Прочитај повеќе

Се одржа курсот Zensegrity 2

Викендот од 8 до 10 јуни се одржа вториот модул од курсот Зенсегрити . Курсот беше предводен од нашите колеги, пријатели, одлични предавачи Крсистоф Струмф ( Германија ) и Ален Лилиќ ( Словенија ) .

Прочитај повеќе

Курс – Zensegrity

Во периодот од 02.03.2018 – 04.03.2018 во просториите на хотел Карпош во Скопје за прв пат на балканот се одржа курсот – Zensegrity – Модул 1 – Карлица, во организација на Македонското Физиотерапевтско Здружение.

Прочитај повеќе

Работилница – 25ти Фебруари

На 25 фебруари во соработка со универзитетот Гоце Делчев во Штип се одржа работилница на тема “Мануелна терапија и мобилизација на ‘рбетен столб” работилницата беше водена од  доц. Д-р по мануелни техники  Тоше Крстев. Работилницата беше посетена од 30 физиотерапевти членови на Македонското физиотерапевтско здружение кои во периодот од неколку часови имаа можнсот да ги запознаат основите на мануелните техники за мобилизација на рбетниот столб . Извонредниот и добро познат Др.Тоше на присутните им ги пренесе своите искуства од областа на мануелната терапија .

Прочитај повеќе

Конференција – 24ти Фебруари

На  24 фебруари во 11 часот во Штип се одржа конференција на тема ”Новости во физиотерапијата” во соработка со универзитетот “Гоце Делчев”  . Настанот беше посетен од 70 физиотерапевти од источниот регион на Македонија кои имаа можност да слушнат и дебатираат на темите кои беа презентирани во склоп на програмата на конференција.

Прочитај повеќе

Трет национален конгрес за невросонологија и мозочна хемодинамика 2017

[vc_row][vc_column][vc_column_text]Во периодот од   од 5 до 8 октомври во Софија, Бугарија се одржа Третиот национален конгрес за невросонологија и мозочна хемодинамика , во рамки на конгресот се одржа и  регионалниот едукативен курс на Европската академија по неврологија .

Прочитај повеќе

Втор конгрес на Физиотерапевти на Црна Гора 2017

[vc_row][vc_column][vc_column_text]Во периодот од  6- 8 октомври 2017 година се одржа Вториот конгрес на Физиотерапевти на Црна Гора , на кој присуствуваа  околу 200 физиотерапевти од државите од регионот и пошироко.Конгресот се одржа под покровителство на министерството на здравство на Црна Гора под мотото “Вредноста и значењето на Физиотерапијата” .На свеченото отварање на конгресот се обрати претседателката на европскиот регион на светската конфедерација за физиотерапија WCPT Сара Базин и генералниот секретар на WCPT Дејвид Гориа.

Прочитај повеќе

Во хотелот Queen’s Скопје се спроведе тренинг

Соопштение

01.07.2017год. во хотелот Queen’s Скопје се спроведе тренинг на тема ,,Имплементација на директивата за препознавање на професионални квалификации на физиотерапевтите” во организација на агенцијата ,,Lattanzio Group” во соработка со Министерството за образованиe и наука,

Прочитај повеќе