FMS workshop Skopje 2026
FMS workshop Македонија 2026 | Функционална магнетна стимулација
На 14 март 2025 година во Македонија успешно се одржа FMS (Functional Magnetic Stimulation) workshop, во организација на Елмед и Iskra Medical од Словенија. Работилницата ја предводеше искусниот физиотерапевт Матеј Рапник, кој презентираше современи пристапи во примена на функционална магнетна стимулација во клиничка пракса.
Оваа FMS работилница беше наменета за физиотерапевти, лекари и здравствени професионалци кои сакаат да ги унапредат своите знаења за неинвазивни терапии и модерни рехабилитациски методи. Посебен акцент беше ставен на третман на спортски повреди, мускулна слабост и невромускулни дисфункции.
Во рамки на настанот беа опфатени следните теми:
- Основи на функционална магнетна стимулација (FMS)
- Механизам на дејство и физиолошки ефекти
- Примена на FMS кај спортски повреди
- Рехабилитација на мускулни и невролошки состојби
- Практична демонстрација со FMS апаратура
- Клинички протоколи и реални случаи
Големиот интерес за FMS технологијата ја потврдува растечката побарувачка за напредни, неинвазивни терапевтски решенија во современата физиотерапија во Македонија.
Овој workshop претставува значаен чекор кон имплементација на нови технологии во рехабилитацијата и унапредување на квалитетот на здравствените услуги.