Macedonian Society Of Physiotherapists

kinesiotaping работилница 2025

Kinesiotaping работилница

 

Македонското физиотерапевтско здружение во соработка со Фила Фарм организираше Kinesiotaping Работилница која  се одржа на 25.10.2025 (сабота) во аудиториумот на Клиниката Жан Митрев.

Голем број на учесници имаа можност да присуствуваат на работилницата која  ја водеше физиотерапевтот Драган Димитријевиќ од Србија, кој воедно е и сертифициран кинезиотејпинг инструктор на Kinesio university .

Присутните се запознаа со  историјата на кинезиотејпингот , механизамот на дејство и неговата  еволуција во дијагностиката , демонстрација на примена кај болни состојби, локални едеми-хематоми. Кинезиодијагностика за долниот дел од грбот и примена кај мускулите на лумбалниот и долниот торакален дел од грбот…

Фила фарм скоро 10 години е официјален дистрибутер на оригиналните кинезио траки со што на сите здравствени работници им овозможува да работат со безбедни материјали со врвен кавлитет. Освен тоа фила фарм се грижи и за едукацијата на здравствените работници со цел подобро запознавање на кинезиотејпинг техниката и совладување на повеќе вештини за примена на траките.

Основачот на кинезиотејпингот покојниот Кензо Касе на неколку пати на покана на МФЗ ја посети Македонија и  Жан Митрев клиника при што во Април 2019 година ја  спроведе последната кинезиотејпинг работилница во Македонија.

Настанот беше потпомогнат од компанијата ЕЛМЕД и колегите имаа можност да ги пробаат добро познатите кревети за физиотерапија од брендот Hybis .


























Kinesiotaping работилница

Македонското физиотерапевтско здружение во соработка со Фила Фарм ви претставува: Kinesiotaping Работилница.
 
👉 Настанот ќе се одржи на 25.10.2025 (сабота) во период од 09:00 до 15:00 часот, во Клиниката Жан Митрев, Аудиториум, III спрат.
 
👉 Бројот на учесници е ограничен на максимум 20. Работилницата ќе ја води сертифициран кинезиотејпинг инструктор Драган Димитријевиќ ( Србија ), кој ќе го сподели своето искуство и експертиза преку практична и теоретска обука.
 
Котизацискиот пакет изнесува 6.000 денари и вклучува две кинезио траки (1 Kinesio Tex Classic и 1 Kinesio Fingerprint), едукативен материјал и кафе паузи.
 
✅ За сите кои ќе се регистрираат најдоцна до 01.10.2025 обезбедуваме промотивна цена од 5.350 денари.
 

Програма: Историја на техниката кинезиотејпинг, механизам на дејство на методот кинезиотејпинг, еволуција на дијагностиката на кинезиотејпинг, демонстрација на примена кај болни состојби, локални едеми-хематоми. Кинезиодијагностика за долниот дел од грбот и примена кај мускулите на лумбалниот и долниот торакален дел од грбот…

Целни групи за учество : физиотерапевти, доктори, ортопеди, спортски работници , физиотерапевти од четврта година средно .

Информациите за уплата погледнете ги на нашата веб-страна https://filafarm.com.mk/kinesiotaping-rabotilnica/ или контакт на (0)2 310 4996 и prodazba@filafarm.com.mk 
 
Се гледаме на 25.10.2025, да се едуцираме и надоградуваме.
 
Facebook
Twitter
LinkedIn

Интервју за Македонски медиа сервис

Физиотерапевтите се есенцијален дел од здравствениот синџир, но три децении не се наоѓа трајно решение за физиотерапевтската дејност, која треба да ја уредат закон и формирање на комора на физиотерапевти, a која ќе издава лиценци. Оваа лиценца ќе ја расчисти забуната меѓу поимите физијатар, физиотерапевт, но и јасно профилирање на физиотерапевтите од масажерите курсисти и популарните „местачи“ кои се претставуваат како професионалци во професијата.

Webinar ACL Rehab with Alli Gokeller

Целта на овој вебинар е да ги запознае заинтерисраните за учество на курсот и да ги претстави теоретските и практичните принципи на моторното учење, невропластичноста и неврокогницијата.

Повредата на предниот вкрстен лигамент (ACL) има големо влијание врз спортистот, земајќи го предвид изгубеното време за спорт и психолошките ефекти што произлегуваат од тоа, како и долгорочните последици поврзани со вообичаената патологија како што се повредите на менискусот или остеоартритисот. Реконструкцијата на ACL се препорачува за многу спортисти кои сакаат да продолжат да играат спорт по повреда на ACL.

Одлучувањето кога спортистот е подготвен да се врати во спортот е тешко и предизвикувачки за лекарите од повеќе причини. И покрај развојот на упатства за враќање во спортот во последниве години, сè уште има повеќе прашања отколку одговори во врска со оптималните критериуми за враќање во спортот по реконструкцијата на ACL. Недостатокот на научен консензус за критериумите што треба да се преземат за ослободување на спортистите на неограничени спортски активности – враќање во игра – по реконструкцијата на ACL, може да придонесе за зголемен ризик од повторна повреда бидејќи враќањето можеби било прерано.
Враќањето во спортот треба да се гледа како континуитет и како процес цело време додека спортистот не го достигне нивото да се врати на целосните перформанси.

д-р. Али Гокелер ги прикажува најновите истражувања и студии засновани на резултати за да ви помогне да постигнете најдобра практика во вашата клиничка работа во вашата секојдневна рутина.

Вебинарот ќе се одржи на ZOOM платформата на следниот линк  https://uni-paderborn-de.zoom-x.de/j/61129715640?pwd=SUgvZSs2YlduQXZLczVqSVFHeFBUZz09

(ОДЛОЖЕН !)Реконструкција на ACL. Како да го вратите вашиот спортист (безбеден) на теренот

Македонското физиотерапевтско здружение организира курс на тема реконстрикција на преден вкрстен лигамент (ACL) .Какода го вратите вашиот спортист (безбедно) на терен . 

ERGON Basic Course IASTM – Јануари 2024

Mакедонското физиотерапевтско здружение во соработка со ERGON® Academy организира  основен курс за мобилизација на меките ткива со помош на инструменти (IASTM) . Курсот ќе се одржи во Скопје на 20/21 јануари 2024 .

The ECFS Physiotherapy Special Interest International Group (PhySIIG) is proud to announce a webinar as part of the “Bitesize Physiotherapy Series”: Aims/ Objectives: At the end of the session, the participant will be able to: 1. Describe the different evidence based Oscillating PEP devices available and the rationale for their use. 2. Report on the scientific evidence underpinning these devices together with indications, precautions and contraindications. Target audience: All members of the multi-disciplinary team including physiotherapists, doctors, nurses, dietitians, psychologists, social workers etc. Suitable for both adult and pediatric teams. The webinar will be recorded and available on the ECFS Education Platformafterwards for ECFS members OSCILLATING PEP (POSITIVE EXPIRATORY PRESSURE)

Интернационалната физиотерапевтска група специјализирана за цистична фиброза организира вебинар на 7 септември  2023 .

Интернационалната физиотерапевтска група специјализирана за цистична фиброза организира вебинар на 7 септември 2023 .

20то Генерално собрание на World physiotherapy 2023

Претседателот на Македонското физиотерапевтско здружение Блаже Арсов во периодот од 30-31 мај 2023  учествуваше преку on line платоформа на 20-то генерално собрание на Светската физиотерапија каде и официјално беше претставено Македонското физиотерапевтско здружение како нов член на world physiotherapy заедно со другите физиотерапевтски здруженија од светот.
 
Во 2023 година, Светската физиотерапија има 129 организации како свои членки, а 118 делегати со право на глас од организациите членки на Светската физиотерапија учествуваа на изборите на 20-тиот генерален состанок на организацијата на 30-31 мај 2023 година во хотелот Конрад, Дубаи, Обединетите Арапски Емирати и онлајн.

Од 118 делегати со право на глас, во електронското гласање учествуваа 115.

По два круга гласање за претседател беше избран Мајкл Лендри член на Канадската физиотерапевтска асоцијација ,а за потпретседател Suh-Fang Jeng од член на Тајванската физиотерапевтска асоцијација

Македонското физиотерапевтско здружение како полноправен член на world physiotherapy имаше право директно да учествува во гласањето за ново раководство на истоимената организација .
 
Повеќе информации на следниот линк.

Учество на Петтиот меѓународен конгрес на физиотерапевти на Босна и Херцеговина

Почитувани ,

Во периодот од 19 до 21 мај 2023  претседателот Блаже Арсов и колешката Олгица Димитров активно учествуваа на Петтиот меѓународен конгрес на физиотерапевти на Босна и Херцеговина.

Олгица Димитров се претстави со  презентација  на тема “Физиотерапија при тотално вештачко срце (TAH)-приказ на случај” .

Блаже Арсов одржа работилница на тема “Респираторна физиотерапија + неинвазивна механичка вентилација”  која се одржа во клиничкиот болнички центар во Тузла на клиниката за физикална медицина .

Работилницата беше единствена од овој тип на конгресот на која беа присутни 15 физиотерапевти од различни клинички центри и студенти од Босна кои се насочени во оваа област.

Конгресот беше посетен од 180 гости од Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска , Холандија, Шпанија, и Словенија .

За спроведната работилница и одржаната едукација на босанаските колеги Здружението на физиотерапевти на БИХ  додели благодарница со желба за понатамошна соработка размена на искуства во областа на кардио-респираторната физиотерапија и желба за посета на нашата болница .

На конгресот присуствуваше и Кармен Суарез (Carmen Suárez) потпретседател на европскиот регион на светското здружение за физикална терапија
https://www.erwcpt.eu/ ) со која воспоставивме директен контакт и имавме можност да ја претставиме  физиотерапијата во Македонија  .

Македонското физиотерапевтско здружение продолжува да ја гради својата соработка со сите здруженија претставници на физиотерапевтите во регионот .

.

Учество на Phisioterapia Croatica 2023

По покана на Хрватското здружение на физиотерапевти,  Блаже Арсов  претседател на македонското физиотерапевстско здружение, зема активно учество на меѓународниот конгрес на физиотерапевти Physiotherapia Croatica кој се одржа во периодот од 4 до 5 мај. Учество зедоа и над 150 физиотерапевти од регионот (Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Македонија).

Меѓу презентираните 30 труда од областа на физиотерапијата беше и оној на колегата Арсов на тема ” Физиотерапевски предизвици во третманот на пациенти со имплантиран ЛВАД ” (коавтори Лепосава Лазаровска и Д-р Тања Анѓушева).

Темата предизвика интерес и желба за воспоставување соработка и заедничко истражување во областа на третманот на пациенти со ЛВАД .

Исто така во рамките на конгресот Светското здружение за физикална терапија WORLD PHYSIOTHERAPY соопшти дека апликацијата за прием на МФЗ е одобрена од сите членки и дека официјално станува член на оваа светска организација .