Macedonian Society Of Physiotherapists

kinesiotaping работилница 2025

Kinesiotaping работилница

 

Македонското физиотерапевтско здружение во соработка со Фила Фарм организираше Kinesiotaping Работилница која  се одржа на 25.10.2025 (сабота) во аудиториумот на Клиниката Жан Митрев.

Голем број на учесници имаа можност да присуствуваат на работилницата која  ја водеше физиотерапевтот Драган Димитријевиќ од Србија, кој воедно е и сертифициран кинезиотејпинг инструктор на Kinesio university .

Присутните се запознаа со  историјата на кинезиотејпингот , механизамот на дејство и неговата  еволуција во дијагностиката , демонстрација на примена кај болни состојби, локални едеми-хематоми. Кинезиодијагностика за долниот дел од грбот и примена кај мускулите на лумбалниот и долниот торакален дел од грбот…

Фила фарм скоро 10 години е официјален дистрибутер на оригиналните кинезио траки со што на сите здравствени работници им овозможува да работат со безбедни материјали со врвен кавлитет. Освен тоа фила фарм се грижи и за едукацијата на здравствените работници со цел подобро запознавање на кинезиотејпинг техниката и совладување на повеќе вештини за примена на траките.

Основачот на кинезиотејпингот покојниот Кензо Касе на неколку пати на покана на МФЗ ја посети Македонија и  Жан Митрев клиника при што во Април 2019 година ја  спроведе последната кинезиотејпинг работилница во Македонија.

Настанот беше потпомогнат од компанијата ЕЛМЕД и колегите имаа можност да ги пробаат добро познатите кревети за физиотерапија од брендот Hybis .


























Kinesiotaping работилница

Македонското физиотерапевтско здружение во соработка со Фила Фарм ви претставува: Kinesiotaping Работилница.
 
👉 Настанот ќе се одржи на 25.10.2025 (сабота) во период од 09:00 до 15:00 часот, во Клиниката Жан Митрев, Аудиториум, III спрат.
 
👉 Бројот на учесници е ограничен на максимум 20. Работилницата ќе ја води сертифициран кинезиотејпинг инструктор Драган Димитријевиќ ( Србија ), кој ќе го сподели своето искуство и експертиза преку практична и теоретска обука.
 
Котизацискиот пакет изнесува 6.000 денари и вклучува две кинезио траки (1 Kinesio Tex Classic и 1 Kinesio Fingerprint), едукативен материјал и кафе паузи.
 
✅ За сите кои ќе се регистрираат најдоцна до 01.10.2025 обезбедуваме промотивна цена од 5.350 денари.
 

Програма: Историја на техниката кинезиотејпинг, механизам на дејство на методот кинезиотејпинг, еволуција на дијагностиката на кинезиотејпинг, демонстрација на примена кај болни состојби, локални едеми-хематоми. Кинезиодијагностика за долниот дел од грбот и примена кај мускулите на лумбалниот и долниот торакален дел од грбот…

Целни групи за учество : физиотерапевти, доктори, ортопеди, спортски работници , физиотерапевти од четврта година средно .

Информациите за уплата погледнете ги на нашата веб-страна https://filafarm.com.mk/kinesiotaping-rabotilnica/ или контакт на (0)2 310 4996 и prodazba@filafarm.com.mk 
 
Се гледаме на 25.10.2025, да се едуцираме и надоградуваме.
 
Facebook
Twitter
LinkedIn

(ОДЛОЖЕН !)Реконструкција на ACL. Како да го вратите вашиот спортист (безбеден) на теренот

Македонското физиотерапевтско здружение организира курс на тема реконстрикција на преден вкрстен лигамент (ACL) .Какода го вратите вашиот спортист (безбедно) на терен . 

ERGON Basic Course IASTM – Јануари 2024

Mакедонското физиотерапевтско здружение во соработка со ERGON® Academy организира  основен курс за мобилизација на меките ткива со помош на инструменти (IASTM) . Курсот ќе се одржи во Скопје на 20/21 јануари 2024 .

The ECFS Physiotherapy Special Interest International Group (PhySIIG) is proud to announce a webinar as part of the “Bitesize Physiotherapy Series”: Aims/ Objectives: At the end of the session, the participant will be able to: 1. Describe the different evidence based Oscillating PEP devices available and the rationale for their use. 2. Report on the scientific evidence underpinning these devices together with indications, precautions and contraindications. Target audience: All members of the multi-disciplinary team including physiotherapists, doctors, nurses, dietitians, psychologists, social workers etc. Suitable for both adult and pediatric teams. The webinar will be recorded and available on the ECFS Education Platformafterwards for ECFS members OSCILLATING PEP (POSITIVE EXPIRATORY PRESSURE)

Интернационалната физиотерапевтска група специјализирана за цистична фиброза организира вебинар на 7 септември  2023 .

Интернационалната физиотерапевтска група специјализирана за цистична фиброза организира вебинар на 7 септември 2023 .

Учество на Петтиот меѓународен конгрес на физиотерапевти на Босна и Херцеговина

Почитувани ,

Во периодот од 19 до 21 мај 2023  претседателот Блаже Арсов и колешката Олгица Димитров активно учествуваа на Петтиот меѓународен конгрес на физиотерапевти на Босна и Херцеговина.

Олгица Димитров се претстави со  презентација  на тема “Физиотерапија при тотално вештачко срце (TAH)-приказ на случај” .

Блаже Арсов одржа работилница на тема “Респираторна физиотерапија + неинвазивна механичка вентилација”  која се одржа во клиничкиот болнички центар во Тузла на клиниката за физикална медицина .

Работилницата беше единствена од овој тип на конгресот на која беа присутни 15 физиотерапевти од различни клинички центри и студенти од Босна кои се насочени во оваа област.

Конгресот беше посетен од 180 гости од Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска , Холандија, Шпанија, и Словенија .

За спроведната работилница и одржаната едукација на босанаските колеги Здружението на физиотерапевти на БИХ  додели благодарница со желба за понатамошна соработка размена на искуства во областа на кардио-респираторната физиотерапија и желба за посета на нашата болница .

На конгресот присуствуваше и Кармен Суарез (Carmen Suárez) потпретседател на европскиот регион на светското здружение за физикална терапија
https://www.erwcpt.eu/ ) со која воспоставивме директен контакт и имавме можност да ја претставиме  физиотерапијата во Македонија  .

Македонското физиотерапевтско здружение продолжува да ја гради својата соработка со сите здруженија претставници на физиотерапевтите во регионот .

.

Бесплатен вебинар “Респираторна физиотерапија и решенија за намален белодробен капацитет”

Колешката Олгица Димитров Дипл.Физиотерапевт од Жан Митрев клиника на 27.04.2023 одржа бесплатен вебинар на тема Респираторна физиотерапија и решенија за намален белодробен капацитет наменет за сите кои имаат респираторни проблеми но во исто време овој вебинар може да служи и како запознавање со оваа тема за сите физиотерапевти кои сакаат да се занимават со овој тип на физиотерапија .

“Practical course on taking measurements for lymphedema products”

Македонското физиотерапевтско здружение во соработка со компанијата Medicus Help на 22.02 2023 година во просториите Медикус Хелп во Скопје организираше едукативен настан за третман на лимфедеми

ПРИПРАВНИЧКИ СТАЖ И СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА ФИЗИОТЕРАПЕВТИ СО СРЕДНО,ВИШЕ И ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ

Според законот за здравствена заштита на Република Македонија секој здравствен работник пред да започне со работна дејност потребно е да помине приправнички стаж и да положи државен испит за да се стекне со лиценца за работа .

ERGON Course

Mакедонското физиотерапевтско здружение во соработка со ERGON® Academy организира  курс за мобилизација на меките ткива со помош на инструменти (IASTM) . 

Курсот ќе се одржи во Скопје на 17/18 декември .

Котизација за учевство на курсот :

за членови на МФЗ (подмирена годишна членарина за 2022)

550евра со сет алатки / 300 евра без алатки

За сите други физиотерапевти 

590 евра со сет алатки /350 евра без алатки 

Што може да очекувате од  ERGON Basic IASTM курс

Станува збор за дводневен курс на кој ќе се стекнете со знаење и вештини за примена на техниката за мобилизација на ткива со помош на инструменти (IASTM) . Едукацијата се спроведува по 12 часа дневно ефективно време во два дена при што ќе  бидете подготвени да ја користите оваа техника .

Курсот  покрива теоретски и практични познавања со дополнителна практична обука .

Методолигијата на наставата е базирана на практична работа која се изведува под надзор од инструктори во групи од двајца до тројца учесници , при што се поминува материјал на сите анатомски структури и сите чести муксулно скелетни повреди .

Курсот ќе се спроведе на англиски јазик и дополнително се преведува по потреба на учесниците.

ERGON IASTM Technique ти овозможува да направиш:

Проценка:

Да ги процениш мускулите и фасцијата за да го лоцираш фиброзното ткиво

Ослободување :

  • со мобилизирање на вкрстените врски помеѓу сврзното ткиво
  • со стимулирање на анаболните процеси на меките ткива
  • со намалување на акумулацијата на ткиво со лузни
  • со намалување на вкочанетоста на веќе формираните акумулации на сврзното ткиво
  • со предизвикање на контролирани микро повреди за да предизвика линеарно повторно врзување на ткивото
  • со менување на микроваскуларната морфологија и предизвикување на хиперемија
  • со зголемување на регрутираните фибробласти и нивно активирање што доведува до регенерација и реставрација на повредениот колаген

Корекција:

  • го забрзува обновувањето на ткивото преку зголемен проток на крв и активирање на фибробластите
  • олеснување на рефлексните промени и корекција на шемите на активирање на мускулите
  • враќање на еластичноста на меките ткива
  • мобилизирање на едеми и хематоми
  • зголемување на мускулната тензија околу зглобовите зголемување на одговорот на хистамин по дејството на мастоцитите
  • правилни постурални промени

Изведете:

  • намалување на болката и мускулниот спазам
  • враќање на опсегот на движење на зглобовите
  • придонесуваат за функционална рехабилитација
  • подобрување на протокот на крв и лимфа

За кого е наменет овој курс ?

Учесниците мора да бидат лиценцирани професионалци со соодветно медицинско високо образование со теоретско знање на анатомија и кинезиологија на човечкото тело .Од корист би било претходно познавање на техники за мекоткивна мобилизација.

Дипломирани Физиотерапевти , Кинезиолози , ортопеди .

Цели на курсот :

1.Разбирање на теоријата зад практиката на IASTM и нејзината употреба за лекување на повреди на меко ткиво и фасција.

2.Користење на клиничката опрема (ERGON® Tools) за да:

2.1 за ефикасна проценка на миофасцијалните ограничувања

2.2 за да бидете целосно способни за лекување на повеќето мускулно-скелетни патологии/повреди

2.3 за да комбинирате техники (ERGON® Техника и кинезиотерапија) – Олеснете ја функционалната рехабилитација

2.4 Инкорпорирање на ERGON IASTM техниките во протоколите за третман во комбинација со истегнување и функционална рехабилитација, целосно познавање на индикациите и контраиндикациите на апликациите.

 

Регистрација на следниот линк : https://forms.gle/CVYr7Hs8qL16usRx6

Резервација на место за  настанот на следниот линк: https://mfz.mk/nastani/%D0%B5rgon/

повеќе информации за техниката на следните линкови : 

https://fizioterapevti.mk/%d0%bc%d0%be%d0%b1%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d0%b7%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%b5%d0%ba%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d1%82%d0%ba%d0%b8%d0%b2%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d0%bf%d0%be%d0%bc%d0%be%d1%88/

https://ergontechnique.com/ergon-worldwide/