Easy flossing курс 8 ми јуни 2024
Македонското физиотерапевтско здружение во соработка со Easy Flossing Academy (Germany) организира курс Easy FLOSSING на 08.06.2024 во периодот од 9-17 часот во Скопје .Инструктор на курсот ќе биде Ивица Стојковиќ од Србија (Physiomotion Academy) .Flossing е терапевтска техника при која се употребуваат гумени еластични ленти (band). Аплицирањето на еластичните ленти создава компресија на поголема површина која се задржува околу една минута .Во тој период терапевтот применува различни мауелни техники според претходните индикации и заедно со пациентот се изведуваат активни или пасивни движења.После неколку минути лентата се вади и може да се забележи зголемен обем на движење и намалување на болката. По механичката компресија предизвикана од гимените еластични ленти значително се зголемува крвотокот а со тоа и апсорпцијата на наталожените метаболни продукти во ткивата кои ги третираме .За да се постигне овој ефект потребни ви се оригинални Flossingband-траки, добри мануелни техники , и соодветно знаење за ефикасна примена .