KINESIO TAPING® семинар
Македонското Физиотерапевтско здружение во соработка со KINESIO UNIVERSITY организираат:
KINESIO TAPING® семинар
Овој 3 дневен семинар е креиран да им овозможи на учесниците да се запознаат со начинот на делување, тестовите за проценка како и начинот на апликација на Kinesio Taping® методата. Учесниците ќе бидат запознаени со историјатот, механизмот на делување на лентата на различни рецептори во ткивата како и терапевтските ефекти кои може да се појават.
Во текот на овие 3 дена ќе се опфати:
Корективни техники за епидермис, дермис, фасција и мускули, и ќе бидат презентирани во вид на приказ на случаи. Инструкторот ќе предава и демонстрира мануелни тестови и тестови со движење, а потоа истите тестови и ќе се вежбаат меѓу учесниците.
Учесниците ќе добијат сугестии да може да ја избираат апликацијата која што најмногу ќе одговара во третман на клиничката состојба на пациентот.
Инструкторот ќе направи приказ и демонстрација на проценка и апликација на следните техники: механичка корекција, корекција на тетивите и лигаментите, циркулаторна/лимфатичка апликација со приказ на случаи. Учесниците ќе имаат одредено време за прашања и дискусија поврзано со проценката и модификацијата на апликациите во поглед на клиничката состојба на пациентот.
Учесниците ќе добијат 4 Кинезио ленти, работна книга и пристап до кинезио датабазата на апликации и скрининг тестови во траење од 60 дена, како и сертификат за присуство на курсот.
Котизацијата за учество на курсот ќе биде вратена на сите пријавени учесници доколку се откаже учеството до 14 дена пред одржувањето. По истекот на овој рок средствата се задржуваат од страна на организаторот поради покривање на трошоци.
Инструктор на курсот е Драган Димитријевиќ (Србија).
Kурсот е акредитиран од kinesio university
https://kinesiotaping.com/console/seminar/seminarDetails/NTAzNA==
Котизацијата изнесува 50 евра, а вкупната цена на курсот е 340 евра.
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА КУРСОТ:
- Познавање на анатомија и физиологија на човечкото тело.
- Познавање на мускуло – скелетниот систем особено на припоите и функцијата на следните мускули: Trapezius, longisimus cervicis, pectoralis major, biceps brachii, scalenus anterior-medius-posterior , rhomboideus major et minor , rectus abdominis , gluteus medius , rectus femoris, infraspinatus.
- Доколку учесникот е студент, да има положено анатомија, физиологија и кинезиологија.
Учесникот мора да е присутен цело време за да може да добие сертификат.
Учесниците со себе треба да носат остри ножици како и соодветна спортска облека (тренерки, шорцеви и маица) затоа што ќе се вежба апликации на зона на рамен појас, горен дел од градниот кош, грб, рака, натколеница, врат, глутеална регија и стомак.
На учесниците на семинарт ќе им биде обезбедено освежување на паузите и ручек.
Биографија на инструкторот:
Образование:
- Средно физиотерапевтско образование 1986 – 1990
- Вишо физиотерапевтско образование 1991 – 1994
- Од 2005 год се занимава со кинезиотејпинг, а во 2008 год завршува едукација за инструктор во САД и од тогаш одржува курсеви за кинезиотејпинг во Србија, Босна, Македонија и Црна Гора.
- Од 2003 година во својата пракса користи Theraband ленти, а во 2008 год завршува обука за Theraband инструктор во Германија и од тогаш па навака одржува курсеви за Theraband академијата во Србија, Босна, Македонија и Црна Гора, а од 2016 и во Хрватска. Поради квалитетната работа од страна на Theraband академијата е награден со титула инструктор на годината во 2011 и во 2013 година, а и достигнал gold level што е највисоко ниво кое може еден Theraband инструктор да го има.
- Од 2005 година се занимава со Yumeiho, а од 2008 – 2011 година во Србија одржува курсеви за истата техника.
- 2011 дипломира на Шиацу школата во хрватска.
- Инструктор по КМТ техниката, и ”Myofascial release technique’’ .
КОНТАКТ И ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:
+38970/772 – 122
president@mfz.mk
nikodin.veljanoski@mfz.mk