Macedonian Society Of Physiotherapists

Kлиничка Физиотерапија – 2019

Почитувани колеги,
Во име на Организациониот одбор на семинарот “Клиничка Физиотерапија” кој ќе се одржи на 06.12.2019 година во Жан Митрев Клиника – Скопје, во организација на Македонското Физиотерапевтско Здружение, Ве повикуваме за пријава на своите трудови за учество на истиот.
Теми на кои може да пријавите трудови се следните:
– Физиотерапија во хирургија;
– Физиотерапија во ортопедија;
– Физиотерапија во кардиохирургија;
– Слободни теми.
Ве молиме, апстрактите да се испратат најдоцна до 25.11.2019 година, на следната емаил адреса: nikodin.veljanoski@mfz.mk , во електронски формат (MS Word, .doc или .docx).

Апстрактот треба да содржи до 250 зборови. Треба да се состои од: Вовед, Цели, Методи, Резултати, Заклучок и Клучни зборови.
Првата страница треба да содржи:
– Наслов на трудот, име и презиме на авторите во облик Име и Презиме, име на установата од која доаѓаат;
– Клучни зборови (3 – 6), одвоени со запирка и болдирани;
– Текстот започнува на следната страница после насловната страна и апстрактот;
– Текстот на трудот се пишува со единечен проред и фонт Times New Roman, големина 12pts.
– Апстрактите/трудовите може да бидат напишани на македонски/српски/хрватски/англиски јазик.

Комплетниот труд може да има максимално до 15 страници и треба да содржи и дискусија.

КОТИЗАЦИЈА:
– студенти – 600 мкд.
– членови на МФЗ – 800 мкд.
– останати учесници 1000 мкд.

Вашето присуство мора да го пријавите на следниот формулар:
https://docs.google.com/forms/d/1RQUsNNEDye_-4LjFUHnERhKkCuayFA6ZXOr2xlWy7Hg/prefill

Дата

06 Дек 2019
Expired!

Време

12:00 - 16:00

Локално Време

  • Временска Зона: America/New_York
  • Дата: 06 Дек 2019
  • Време: 06:00 - 10:00

Локација

ZAN MITREV
Bulevar Ilinden 113 Skopje 1000
Категорија
QR Code

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *