Симпозиум Физиотерапија при Спинална мускулна атрофија
Македонското физиотерапевтско здружение ја продолжува својата мисија и воспоставува соработка со голем број на здруженија на пациенти кои опфаќаат различни видови на заболувања каде физиотерапијата е дел или основа на лекувањето .
Затоа во интерес на своите пациенти Македонското физиотерапевтско здружение ќе соработува со здружението Живот со предизвици во реализацијата на сателит симпозиумот во рамки на “7мата регионална средба на ретки болести во југо-источна европа” во периодот од 7-9 ЈУНИ, 2019 во хотел Дрим Струга .
Темата на симпозиумот е Физиотерапија при деца со Спинална мускулна атрофија и мускулна дистрофија , предавач на настанот ќе биде Prof. D-r Marion Main, UK, (Importance of physical therapy in patients with Muscular Dystrophy Duchenne ).
За сите заинтересирани членови на Македонското физиотерапевтско здружение е обезбедено слободен пристап до симпозиумот на 8ми јуни од 15.30 до 19.00 часот.
Потребна е претходна регистрација , бројот на учесници е ограничен на макс.20 физиотерапевти.
задолжителна регистрација на следниот линк https://forms.gle/CPZJyHDYcHer3SNM7
Повеќе информации за програмата на 7мата регионална средба на ретки болести во југо-источна европа може да најдете на следниот линк http://challenges.mk/en/7th-rare-diseases-in-south-east-europe-meeting-7-9-june-2019/?fbclid=IwAR0yJ-mIoFlcgBPcj5mQVaRz_VFhEh6840hRGjnP3kmOmglJSjXByKhVZec
За повеќе информации посетете ја нашата веб страница www.mfz.mk