Семинар”Клиничка физиотерапија”/Seminar “Clinical physiotherapy”
Македонското физиотерапевтско здружение ги информира и кани своите членови и сите други здравствени работници ,физиотерапевти,медицински сестри и доктори да учествуваат на едукативен настан , Семинар на тема ” Клиничка физиотерапија ” , настанот ќе се одржи во конгресната сала во Специјализираната болница ” Жан Митрев ” во Скопје на 01.декември 2017 со почеток во 12 часот .
Специјален гостин на семинарот ќе биде Г-ѓа Снјежана Бенко (Snjezana Benko ) дипл.Физиотерапевт PhD(c) претседател на Здружението за кардиореспираторна физиотерапија и неинвазивна вентилација од Хрватска , а воедно и претседател на “Хрватски Збор Физиотерапеута” (http://hzf.hr/hdkrf) .
Рана котизацијата за учество на семинарот за членови на здружението е 500 денари ,
за сите други заинтересирани котизацијата е 1000 денари.
Доцна котизацијата на денот на одржување на настанот е 700 денари за членови ,а 1500 денари за сите други заинтересирани.
Регистрацијата ќе трае од 11:30 -12:00 часот
Потребна е претходна најава за учество на семинарот на следниот емаил : president@mfz.mk
Котизацијата може да се уплати на следната жиро сметка
210072165990137 во НЛБ ТУТУНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ најдоцна до 25 ноември .
Котизацискиот пакет содржи рекламен материјал,кафе пауза,коктел.
Програма на Семинарот
11.00 – 12.00 Регистрација на учесници |
12.00 – 12.15 Поздравен говор |
12.20 – 12.35 Третман на ателектази кај кардиохируршки пациенти – Дипл. ФТ. Олгица Димитров |
12.40 – 12.55 Неинвазивна механичка вентилација – Др. Дијана Попевски, Спец. По антестезија и интензивно лекување |
13.00 – 13.15 Quality of life and burden of family members of chronically critically ill patient – pilot study – Дипл. ФТ Snjezana Benko, Хрватска ( Претседател на Хрватското здружение на физиотерапевти ) |
13.20 – 13.35 Sleep apnea кај деца – Др. Благица Манчева |
13.40 – 13.55 Физиотерапија после авто – трансплантација на срце – приказ на случај – Спец. ФТ Никодин Велјаноски |
14.00 – 14.20 Физиотерапија кај комплексен пациент – приказ на случај- Спец. ФТ Блаже Арсов |
14.30 – Дискусија |
14.40 – Коктел |
Seminar Program
11.00 – 12.00 Registration |
12.00 – 12.15 Opening ceremony |
12.20 – 12.35 Treatment of atelectasis in cardiosurgical patients – Grad. PT. Olgica Dimitrov MKD |
12.40 – 12.55 Non-invasive mechanical ventilation – MD. Diana Popevski Sci.in anesthesia and intensive treatment MKD |
13.00 – 13.15 Quality of life and burden of family members of chronically critically ill patient – pilot study – Grad. PT. Snjezana Benko, Croatia ( President of Croatian society of Physioterapists ) |
13.20 – 13.35 Sleep apnea in children – MD. Blagica Mancheva MKD |
13.40 – 13.55 Physiotherapy after auto – transplantation of heart– case report – Sci.PT Nikodin Veljanoski MKD |
14.00 – 14.20 Physiotherapy in a complex patient – case report – Sci.PT Blaze Arsov MKD |
14.30 – Discusion |
14.40 – Cocktail |