
Кинезиотејпинг 1 и 2
Во текот на овие 3 дена ќе се опфати:
Корективни техники за епидермис, дермис, фасција и мускули, и ќе бидат презентирани во вид на приказ на случаи. Инструкторот ќе предава и демонстрира мануелни тестови и тестови со движење, а потоа истите тестови и ќе се вежбаат меѓу учесниците.
Учесниците ќе добијат сугестии да може да ја избираат апликацијата која што најмногу ќе одговара во третман на клиничката состојба на пациентот.
Инструкторот ќе направи приказ и демонстрација на проценка и апликација на следните техники: механичка корекција, корекција на тетивите и лигаментите, циркулаторна/лимфатичка апликација со приказ на случаи. Учесниците ќе имаат одредено време за прашања и дискусија поврзано со проценката и модификацијата на апликациите во поглед на клиничката состојба на пациентот.
Учесниците ќе добијат 4 оригинални Кинезио ленти, работна книга и пристап до кинезио датабазата на апликации и скрининг тестови во траење од 60 дена,сертификат за присуство на курсот и пијалоци и ручек во текот на паузата.
Инструктор на курсот е Драган Димитријевиќ (Србија).
Kурсот е акредитиран од kinesio university и објавен на www.kinesiotaping.com
Дата на одржување : 1/2 јуни 2019 година Време: од 8-18 часот
Котизацијата за учество на курсот е 350 евра.+ 50 евра за професионални ножици . ( во денарска противвредност)
Регистрација за учество најдоцна до 15 мај 2019 на следниот е-маил president@mfz.mk или на телефон +38970772122
Локација на одржување : ZAN MITREV Clinic ул.Бледски договор бр. 8 Скопје 1000
