Центар за Едукација
Елмед доо од Скопје и Македонското физиотерапевтско здружение од Скопје со апсолутна поддршка од производителот на апарати за физикална терапија и рехабилитација Искра Медикал од Словенија, отвораат центар за неформална обука на млади физиотерапевти со интерес за отпочнување на сопствен бизнис.
Центарот се отвора во просториите на компанијата Елмед доо во населба Илинден и за основна цел имада го стимулира претприемачкиот дух на младите физиотерапевти преку подготовка и запознавање со начините и можностите за самостојно остварување во рамки на нивната дејност.
Центарот за неформална обука освен што овозможува теоретска обука во доменот на претприемништвото и пркатична во областа на целосна употреба на апарати за физикална терапија, дава и поддршка преку соодветно информирање за чекорите при основање на бизнис преку активни мерки за самовработување или пак самостојно финансирање (индивидуално или со кредитирање од страна на банките).
Последни Настани
и Новости

Интервју за Македонски медиа сервис
Физиотерапевтите се есенцијален дел од здравствениот синџир, но три децении не се наоѓа трајно решение за физиотерапевтската дејност, која треба да ја уредат закон и формирање на комора на физиотерапевти, a која ќе издава лиценци. Оваа лиценца ќе ја расчисти забуната меѓу поимите физијатар, физиотерапевт, но и јасно профилирање на физиотерапевтите од масажерите курсисти и популарните „местачи“ кои се претставуваат како професионалци во професијата.

Webinar ACL Rehab with Alli Gokeller
Целта на овој вебинар е да ги запознае заинтерисраните за учество на курсот и да

ОДЛОЖЕН !!! Easy flossing курс 2024
Македонското физиотерапевтско здружение во соработка со Easy Flossing Academy (Germany) организира курс Easy FLOSSING на 08.06.2024 во периодот од 9-17 часот во Скопје .Инструктор на курсот ќе биде Ивица Стојковиќ од Србија (Physiomotion Academy) .