8-ми Септември Светскиот ден на Физиотерапевтите
Светскиот ден на Физиотерапевтите се одбележува секоја година на “8-ми септември”. Денот е можност за физиотерапевтите од целиот свет да ја подигнат свеста за клучен придонес во професијата која ги одржува луѓето да бидат мобилни и независни.
Овој ден се одбележува со единство и солидарност на глобалната физиотерапевтска заедница со цел да се признае делото што го прави секој физиотерапевт за своите пациенти.
Во 1996 година, Светската конфедерација на физиотерапија (WCPT) го назначи “8 септември” како Светски ден на физиотерапевтите , како датум на кој истата e основана во 1951 година.
Македонските Физиотерапевти сеуште не се дел од Светската конфедерација ( WCPT ) но сепак се идентификуваат со своите колеги и заедно со нив со гордост го одбележуваат празникот на професијата. Физиотерапевтите во Македонија ги следат светските стандарди за континурирана едукација и доедукација,применуваат голем број на нови техники и методи познати и признати во светотот . Нивните успеси се препознаени од нивните соработници и затоа се почитувани професионалци на своите работни позиции .
Македонските физиотерапевти се единствени во светот кој освен професионалниот празник на ист ден го прославуваат и денот на независноста на Република Македонија. Останува желбата да се биде дел од WCPT и да се избориме за автономна физиотерапевтска пракса со цел достапност на физиотерапијата до пациентите и подобрување на квалитетот на здравствена услуга во нашата држава .
Честит професионален празник на сите колеги ФИЗИОТЕРАПЕВТИ !!!
“Можеби докторите спасуваат животи но незаборавајте дека сепак ФИЗИОТЕРАПЕВТИТЕ го прават тој живот вреден за живеење ! ”
Честит национален празник , денот на независноста на Република Македонија !
Блаже Арсов
Претседател на
Македонско физиотерапевтско здружение
Тел. +38970772122
Е-маил: president@mfz.mk
www.mfz.mk