8-ми Септември” меѓународен ден на Физиотерапевтите
Меѓународниот ден на Физиотерапевтите се одбележува од 1996 година кога Светската конфедерација на физиотерапија (WCPT) го назначи 8 септември како светски ден на физиотерапевтите, како датум на кој истата е основана во 1951 година. @WorldPhysio1951 .
#WorldPTDay Денот е можност за физиотерапевтите од целиот свет да ја подигнат свеста за клучен придонес во професијата која ги одржува луѓето да бидат мобилни и независни. Овој ден се одбележува со единство и солидарност на глобалната физиотерапевтска заедница со цел да се признае делото што го прави секој физиотерапевт за своите пациенти.
Оваа година е особено важна за сите македонски физиотерапевти бидејки и официјално од мај 2023 година Македонското физиотерапевтско здружение е македонски преставник член во светското здружение за физиотерапевти “WORLD PHYSYOTHERAPY” . (светската конфедерација на физиотераепвтите)
За 2023 година светската организација “WORLD PHYSYOTHERAPY” го одбра овој ден да го посвети на пациентите болни од остеоартритис и проблемите со кои се соочуваат истите .
Тимот волонтери на Македонското физиотерапевтско здружение и оваа година трета по ред ги преведе официјалните материјали за одбележување на овој ден . Материјалите може да се симнат и да се користат од следниот линк : https://world.physio/toolkit/world-pt-day-2023-information-sheets-macedonian
Честит професионален празник на сите физиотерапевти во Македонија !