Macedonian Society Of Physiotherapists

8ми Септември – Светски ден на Физиотерапевтите

Светскиот ден на Физиотерапевтите 8-ми Септември
World physical therapy day 2018

07/09/2018 ЕУ-инфо Центар Скопје од 11:00 – 13:00 часот

ПРОГРАМА

 11:00 Отварање на настанот –Сци.ФТ Никодин Велјаноски – потпретседател
 11:10 Обраќање на претседателот Дипл.ФТ Блаже Арсов
 11:20 Обраќање на Др.Венко Филипче министер за здравство на Република Македонија
 11:30 Обраќање на пациент со цистична фиброза
 11:40 Обраќање на пациент со мултипла склероза
 11:50 Обраќање на претставник од ЕУ делегацијата
 12:00 Обраќање на пациент со ретка болест
 12:10 Доделување на плакети на колеги
 12:20 Благодарници за спонзори
 12:30 Дружење со гостите и коктел

Освен одбележувањето на овој ден на ваков начин Македонското Физиотерапевтско Здружение ги повикува сите членови и останати колеги физиотерапевти во Македонија да земат активно учество во кампањата “ФИЗИОТЕРАПИЈА ЗА СИТЕ” со цел подигнувањето на свеста за потребата и лесниот пристап на физиотерапијата до сите пациенти.
Кампањата вклучува: употреба на хаштаг – “Физио за сите” (#PhysioForAll ; #ФизиоЗаСите; #MKDPhysio2018; #МФЗ; #WorldPTDay) на фотографии од работните позиции, колеги во униформа, физиотерапевти во акција, користење на facebook frame со логото на МФЗ по повод светскиот ден на физиотерапевтите.
Кампањата започнува веднаш и ќе биде активна во текот на целата година на секој настан организиран од страна на МФЗ и може да биде користена при различни професионални активности од страна на членовите.
Се надеваме дека активно ќе се вклучат сите колеги во оваа кампања и ќе дадат максимален придонес за остварување на сопствените права и промоција на професијата – физиотерапевт во Македонското општество, а воедно ќе ги поддржат и потребите од физиотерапија на пациентите во Македонија.

Сите колеги кои поради своите работни ангажмани не се во можност да присуствуваат на настанот во ЕУ Инфо Центарот, можат да дадат свој придонес со активно вклучување на кампањата и следење на горенаведените инструкции.

Со почит

Блаже Арсов /Blazhe Arsov
Претседател на Македонско физиотерапевтско здружение /
President of Macedonian society of physiotherapists
Телефон /Phone.+38970772122
Е-пошта / E-mail.president@mfz.mk
www.mfz.mk www.fizioterapevti.mk

X