50 години Македонска Физиотерапија и Работна терапија
На 23 февруари 2018, во Хотел Порта – Скопје се одржа прослава по повод одбележувањето 50 години Македонска Физиотерапија и Работна терапија во Република Македонија во организација на Здружението на професионални физиотерапевти на Македонија .
На прославата беа доделени благодарници и плакети на колеги физиотерапевти – пионери во професијата кои дадоа голем придонес во развојот и афирмацијата на Физиотерапијата во Република Македонија. На 7 февруари 1968 година пред 50 години, се поставени темелите на Македонската физиотерапија . По повод одбележувањето на овој ден беше поканет и претседателот на Македонското физиотерапевтско здружение Г-дин Блаже Арсов кој се обрати на присутните колеги со честитки за јубилејот и со повик за обединување на сите физиотерапевти во една заедничка асоцијација за полесно остварување на своите права.