42-рата меѓународна медицинска конференција на студентите по медицина
Претседателот на македонското физиотерапевтско здружение Дипл.ФТ Блаже Арсов учествуваше на 42-рата меѓународна медицинска конференција на студентите по медицина како поканет предавач и ја презентираше кинезиотејпинг техниката пред идните доктори.
Настанот се одржа во периодот 24-26 мај 2019 во Охрид во Хотел СИлекс со присуство на студенити по општа медицина скоро од целиот свет кои неколку дена разменуваа искуства од различни области на медицината . Работилницата по кинезиотејпинг се одржа на 25 мај во присуство на 45 идни доктори кои беа заинтересирани да ја слушнат и практично да пробаат дел од ефектите на кинезиотејпингот . Во своето предавање Дипл.ФТ Блаже Арсов даде нова наоска во лекувањето на мускулно-скелетните заболувања , со цел намалување на употребата на аналгетиците при третман на болка ,а користење на човечките функционални механизми за сопствено излекување без фармаколошки средства.