Macedonian Society Of Physiotherapists

Физиотерапија при ковид и пост ковид состојби

Македонското физиотерапевтско здружение вчера 03.07.2021 , го одржа првиот семинар во 2021 година после подолго време поради епидемијата со ковид 19 која го зафати светот .
Настанот се одржа во аудиториумот во Жан Митрев клиника во Скопје во соработка со Фила Фарм .Темата на семинарот беше “Физиотерапија при ковид и пост ковид состојби” , програмата беше составена од 4 презентации :


1.Кислородна терапија – дипл.ФТ Блаже Арсов
2.Позиционирање и пронации- Спец.ФТ Никодин Велјаноски
3.Физиотерапија при Пост-ковид/Long Ковид- Дипл.ФТ Лепосава Јовановска
4.Ортомолекуларна витаминска терапија – Николина Мишева

Настанот се одржа со почитување на сите мерки за превенција од ковид 19 и со ограничен капацитет на учесници .

По завршување на програмата се одржа кратка презентација на дел од програмата за физиотерапија на фармацевтскта компанија Фила Фарм и нивните нови производи од Dilenburg ,мобилни уреди за електротерапија (ES,IF,Micro curents,Russian curents,Tens,NMS for Pelvic flor)

Македонското физиотерапевтско здружение , ги почитува сите препораки за превенција од ковид 19 при организација на настани дадени од релевантните институции, и наскоро доколку дозволуваат епидемиолошките услови ќе продолжиме со реализација на програмата .

Поради интерес на колеги истиот овој настан ќе биде одржан и во друг град во внатрешноста на Македонија во наредниот период ,но за повеќе информации следете не на нашите нашите социјални мрежи и веб страници .