Macedonian Society Of Physiotherapists

Учество на Петтиот меѓународен конгрес на физиотерапевти на Босна и Херцеговина

Почитувани ,

Во периодот од 19 до 21 мај 2023  претседателот Блаже Арсов и колешката Олгица Димитров активно учествуваа на Петтиот меѓународен конгрес на физиотерапевти на Босна и Херцеговина.

Олгица Димитров се претстави со  презентација  на тема “Физиотерапија при тотално вештачко срце (TAH)-приказ на случај” .

Блаже Арсов одржа работилница на тема “Респираторна физиотерапија + неинвазивна механичка вентилација”  која се одржа во клиничкиот болнички центар во Тузла на клиниката за физикална медицина .

Работилницата беше единствена од овој тип на конгресот на која беа присутни 15 физиотерапевти од различни клинички центри и студенти од Босна кои се насочени во оваа област.

Конгресот беше посетен од 180 гости од Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска , Холандија, Шпанија, и Словенија .

За спроведната работилница и одржаната едукација на босанаските колеги Здружението на физиотерапевти на БИХ  додели благодарница со желба за понатамошна соработка размена на искуства во областа на кардио-респираторната физиотерапија и желба за посета на нашата болница .

На конгресот присуствуваше и Кармен Суарез (Carmen Suárez) потпретседател на европскиот регион на светското здружение за физикална терапија
https://www.erwcpt.eu/ ) со која воспоставивме директен контакт и имавме можност да ја претставиме  физиотерапијата во Македонија  .

Македонското физиотерапевтско здружение продолжува да ја гради својата соработка со сите здруженија претставници на физиотерапевтите во регионот .

.