Macedonian Society Of Physiotherapists

Среќни Новогодишни и Божиќни празници

Почитувани колеги физиотерапевти

Пред Вас се отвара нова страница во која Ви посакувам водич да Ви биде знаењето и успехот, а упорноста во работата нека Ви биде цел за наредната година проследена со многу здравје и среќа.

Во текот на наредната година Ви посакувам многу успеси на професионално ниво, бидејќи знаеме дека во нашата област од медицината се случуваат чуда – благодарение на нас! Нека оваа година Ви биде полна со чуда, нека Ви биде година на успеси. Почеток на нова година значи и промени кон подобро, затоа мотивирајте ги луѓето за физичка активност, за подоцна да имате многу благодарам од страна на Вашите пациенти. За крај, Ви посакувам целиот Ваш труд да биде виден и награден, затоа што наградувањето на Вашата работата значи поголема мотивација за подобар исход.

Среќни новогодишни и Божиќни празници,

Сподели со пријателите

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

X