Средба со претседателката на европскиот регион на светската конфедерација на физиотерапевти
Претседателот на Македонско физиотерапевтско здружение Дипл.ФТ. Блаже Арсов имаше средба со претседателката на европскиот регион на светската конфедерација на физиотерапевти Г_ѓа Esther-Mary D’Arcy, во Скопје во текот на нејзината службена посета на Македонија.
Претседателот ги пренесе ставовите за решение на проблемите на македонските физиотерапевти и побара подршка oд WCPT за реализирање на истите.
Македонското физиотерапевтско здружение стои на располагање на другите претставници на физиотерапевти во Македонија за изнаоѓање на заедничко компромисно решение на физиотерапевтските проблеми.