СКОПЈЕ ТРЧА – 10КМ
[vc_row][vc_column][vc_column_text]Минатиот викенд на 8 октмоври во Скопје се одржа трка под мотото “СКОПЈЕ ТРЧА 10КМ” на која учествуваа околу 900 спортисти . Во машка конкуренција учествуваше и нашиот активен член Г-дин Александар Шарковски Дипл.Физиотерапевт кој успешно ја заврши трката и имаше одлични резултати како 59-ти кој ја помина целта од 500 машки учесници .
Организатор на трката беше Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со А.К.Работнички и Атлетската федерација на Македонија.
Генерален покровител на СКОПЈЕ ТРЧА 10КМ е Агенција за Млади и спорт, помогната од наши партнери и спонзори. Оваа трка е влезена во календарот на Атлетската федерација на Македонија (АФМ) и Европската Атлетска Асоцијација (ЕАА), а од следната година предвидено е оваа трка да стане член на Меѓународната асоцијација на маратони и улични трки (АИМС).
Македонското физиотерапевтско здружение ги подржува и мотивира своите членови активно да се бават со спортови и да го промовираат здравиот начин на живеење во општеството.
Затоа ги повикуваме сите заинтересирани да не контактираат за да можеме да им излеземе во пресрет при учество на идни вакви или слични настани.[/vc_column_text][vc_gallery type=”image_grid” images=”8362,8363″][/vc_column][/vc_row]