Се одржа курсот Ergon Basic IASTM
Во периодот од 17 до 18 декември 2022 година за прв пат во Македонија се одржа Ергон курсот на кој активно учество земаа 13 физиотерапевти од Македонија .Настанот се одржа во аудиториумот на Жан Митрев клиника во Скопје со подршка од нашите партнери Елмед доо од Скопје и Медикус Хелп
Македонското физиотерапевтско здружение е единствениот регионален провајдер на овој курс за нашата територија и во наредниот период редовно ќе одржува едукации од ваков тип во соработка со Ергон Академија од Грција .
Курсот во Македонија го спроведоа ергон инструкторите Павлос Ангелополус и Анастасиос Кубетс при што по завршувањето на истиот поделија сертификати на учесниците за успешно совладување на техниката и нивна самостојна примена .
Ergon IASTM претставува мобилизација на меките ткива со помош на инструменти која е квалификувана миофасцијална интервенција што се користи за третман на меките ткива. Се заснова на принципите на масажата со вкрстено триење според Џејмс Сириакс.
Се применува со помош на инструменти кои обично се направени од нерѓосувачки челик со заоблени рабови и контури кои одговараат на различните анатомски локации на телото и овозможуваат подлабоко продирање. Се користи за откривање и лекување на нарушувања на меките ткива. Повеќе информации за оваа техника на следниот линк
Македонските физиотерапевти кои ги совладаа техниките на Ергон курсот можат да се лоцираат на македонскaта веб платформа www.fizioterapevti.mk и на официјална веб страница на ергон техника https://ergontechnique.com/find-a-therapist/.