СЕМИНАР – Клиничка Физиотерапија
На 01.12.2017 – Петок во аудиториумот во Жан Митрев Клиника со почеток во 12 часот се одржа првиот семинар на Македонското Физиотерапевтско Здружение на тема “Клиничка Физиотерапија” .
[vc_row][vc_column][vc_column_text]
На настанот присуствуваа околу 90 гости (физиотерапевти) од различни здравствени установи од Р. Македонија и колеги физиотерапевти од Црна Гора ,Хрватска и Грција.
Присутните гости беа поздравени од претседателот на здружението Дипл.ФТ Блаже Арсов кој се заблагодари на подршката на сите физиотерапевти од Македонија кои се зачленија во здружението со што и директно ја подржаа работата на МФЗ . Воедно се заблагодари на Др.Жан Митрев за дадената подршка во организацијата на првиот семинар и општо за комплетната подршка за развојот на физиотерапијата во Македонија. Специјален гости на овој настан беше Дипл.ФТ Снјежана Бенко – претседател на Хрватското Здружение на физиотерапевти која јавно изрази задоволство до организаторот за поканата а воедно ја пренесе и подршката на Хрватскиот збор на физиотерапевти кон Македонското физиотерапевтско здружение.
Програмата на настанот беше составена од предавања на физиотерапевти и доктори од Жан Митрев клиника и од гостинката Снјежана Бенко.
Третман на ателектази кај кардиохируршки пациенти – Дипл. ФТ. Олгица Димитров
Неинвазивна механичка вентилација – Др. Дијана Попевски, Спец. По антестезија и интензивно лекување
Quality of life and burden of family members of chronically critically ill patient – pilot study – Дипл. ФТ Snjezana Benko, Хрватска ( Претседател на Хрватското здружение на физиотерапевти )
Sleep apnea кај деца – Др. Благица Манчева
Физиотерапија после авто – трансплантација на срце – приказ на случај – Спец. ФТ Никодин Велјаноски
Физиотерапија кај комплексен пациент – приказ на случај- Спец. ФТ Блаже Арсов
На крајот од настанот претседателот ги покани колегите на следниот закажан настан –конференција на тема “Новости во физиотерапијата“ која е закажана на 24-25 февруари во Штип. Воедно настанот беше посетен од повеќе преставници на македонски компании кои директно или индиректно се поврзани со физиотерапијата . Фила Фарм,Ewo pharma,Фитофарм, Елмед, Медикус Хелп Lohmann und Rauscher и ResMed.[/vc_column_text][/vc_column][vc_column][vc_gallery type=”image_grid” images=”8802,8803,8804,8805,8806,8807,8808,8809,8810,8811,8812,8813,8814,8815,8816,8817,8818,8819,8820,8821,8822,8823,8824,8825,8826″ img_size=”medium”][/vc_column][/vc_row]