Macedonian Society Of Physiotherapists

Реакција на Министерството за Здравство

Неопходни се измени на Законот за здравствена заштита за да можат и дипломираните физиотерапевти да го најдат своето место во здравствениот систем. По сторијата на Сител дека се принудени да ја помагаат сивата економија или да бегаат во странство каде професијата е барана и ценета, надлежните најавија решавање на нивниот децениски проблем.

– Барањето на физиотерапевтите ќе биде разгледано, и по извршената анализа ќе бидат донесени соодветни решенија согласно искуствата на државите од регионот, кои би биле применливи и прифатливи кај нас, стои во писмениот одговор што го добивме од Министерството за здравство.

Според статистичките податоци од Институтот за јавно здравје, од 380 вработени физиотерапевти во јавни и приватни здравствени установи, помалку од 100 се со високо обраозвание а најголемиот број се техничари. Од 2004та, пак, досега дипломирале околу 1000 кои немаат можност да отвораат приватни ординации а не поминуваат ниту на огласите за вработување во болниците и клиниките.

– Мои колеги од внатрешноста работат како келнери или на бензински пумпи точат гориво, изјави Блаже Арсов, претседател на Македонското физиотерапевтско здружение.

Дипломираните физиотерапевти се револтирани бидејќи изгубиле дополнителни години за студирање, но и покрај знаењето не можат да го работат тоа за кое учеле на факултет.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *