Работилница „Физиотерапија и менаџмент“
На ден 16.02.2019 година Македонското физиотерапевтско здружение во соработка со компанијата “Елмед” доо од Скопје во рамки на центарот за едукација одржаа работилница на темата „Физиотерапија и менаџмент“ .
На оваа работилница активно учество земаа 15-ина физиотерапевти членови на МФЗ со интерес за отпочнување на сопствен бизнис. На работилницата гостуваше и претставник на НЛБ тутунска банка кој ги произнесе производите на банката во поглед на кредитирање и поддршка на млади претприемачи, а физиотерапевтите имаа можност да се запознаат и со активните мерки за самовработување од државата. Оваа работилница има за цел да ги стимулира претприемачкиот дух на младите физиотерапевти и да ги охрабри во самостојни подвизи на поле остварување на личен профит.
Наскоро ќе се одржи и втората работилница за истата тема и затоа ги повикуваме сите заинтересирани колеги за отпочнување на сопствен бизнис да не контактираат на следниот е-маил tamara@elmedmk.com.mk или на следниот телефонски број +389 78 219-013 .