Macedonian Society Of Physiotherapists

Почитувани колеги физиотерапевти !

Почитувани колеги физиотерапевти !

Македонското физиотерапевтско здружение успеа да се наметне во претходниот период како релевантен фактор во креирањето на физиотерапевтските политики во соработка со Светската конфедерација за Физиотерапија и партнер со другите здруженија во подобрувањето на условите физиотерапевтите во Македонија . Но борбата за остварување на физиотерапевтските права е напорна и бара здружување на силите ,затоа ве повикуваме да бидете дел од здружението , да се зачлените и дадете свој придонес .

Нашите членови со своите членски картички остваруваат бенефиции при учество на сите едукативни настани ,семинари, конгреси , курсеви а воедно и попусти при набавка на продукти од нашите партнери.
МФЗ во годишната програма за 2018 има предвидено голем број на курсеви кои за прв пат се одржуваат во македонија со цел да го зголеми арсеналот на алатки во рацете на физиотерапевтите во третманот на македонските пациенти . Сите инфорамации за курсевите кои се во организација на МФЗ можете да ги најдете на нашата веб страна .

Ве очекуваме !