Macedonian Society Of Physiotherapists

ПОДРШКА НА ПАЦИЕНТИТЕ СО ЦФ ОД ЧЛЕНОВИТЕ НА МФЗ НА SKOPJE RUN 10

Повеќе од 20 директни учесници на градската трка дадоа подршка на пациентите со ЦФ и го носеа логото на кампањата #ХРОМО7. Меѓу учесниците беше и групата RUN FOR FUN MACEDONIA предводена од физиотерапевтот Александар Шарковски.

Кампањата ХРОМО 7 започна на одбележувањето на Светскиот ден на физиотерапевтите 8ми Септември 2018та година и е во партнерство со Здружението за Цистична Фиброза на Република Македонија а целата кампања е подржана од Н.Е. амбасадорот на европската унија во Република Македонија Г-дин Самуел Жбогар.



Кампања е започната со цел да подиигне свеста на општеството од потребата на пациентите со цистична фиброза од редовна и квалитена физиотерапија која всушност е 50% од целокупниот третман на оваа болест .Оваа кампања вклучува поголем број на настани и активности .Во претходниот период веќе се одржа една хуманитарана активност од вработените во ОБСЕ кои донираа соодветни апарати за инхалациона терапија и други пропратни матераијали. Истота во рамки на оваа кампања ќе се одржи и едукативниот настан семинар и курс на тема Физиотерапија и цистична фиброза на 20 и 21 октомври во конгресната сала во Жан Митрев клиника во Скопје.
Пријавувањето за учество на овој настан може да се направи на следниот линк https://goo.gl/forms/2foRF2yGF9K9utw42 .

Кампањата #CHROMO7 ќе трае до мај 2019 година и ќе се организраат по еден настан месечно со цел да се постигне поставена цел.