Одбележување на Светскиот ден на мултипла склероза
На 30 Мај во Еу инфо центарот во Скопје се одбележа Светскиот ден на мултипла склероза во организација на Националното здружение за Мултипла склероза .
По покана на претседателот Ана Карајанова денес на настанот учествуваше и претседателот на Македонско физиотерапевтско здружение Дипл. ФТ Блаже Арсов како претставник на македонските физиотерапевти. На настанот беа презентирани сите достигнувања кои беа постигнати во изминатиот период од страна на здравствените власти и тоа од директорот на ФЗОМ, заменик министерот за здравство и директорот на клиниката за неврологија .
Претседателот на Македонско физиотерапевтско здружение ја искористи можноста и директно да се обрати до присутните гости и да отвори дебата за директниот пристап на пациентите со МС до физиотерапевтите.
Македонското физиотерапевтско здружение соработува со голем број на здруженија кои претставуваат пациенти со различни дијагнози кои директно се поврзани со физиотерапијата преку нивните третмани на лекување.