Macedonian Society Of Physiotherapists

Настан во склоп на кампањата Хромо 7, во соработка со здружението со цистична фиброза

Средното медицинско училиште “Д-р Панче Караѓозов” на 22.11.2018 ни беше вториот домаќин на проекцијата на наградуваниот игран филм АДЕМ (Кислород) и Кампањата Хромо 7, во рамките на одбележувањето на Европската недела за ЦФ.

Преку стотина редовни ученици од трета и четврта година од насоките: медицински сестри, медицински техничари и физиотерапевти, заедно со нивните предметни професори и заменик директорот на училиштето го изгледаа филмот во атмосфера на целосна посветеност и тишина.
Веднаш после проекцијата ним им се обрати претседателот на Македонското физиотерапевтско здружение, г-дин Блаже Арсов дипл. физиотерапевт, кој говореше за улогата на нивната дејност во брзото и квалитетно опоравување на пациентите, за на крај девојката волонтер со ЦФ и нејзината пријателка, ученичка во средно училиште Неда Нешовска  да им поделат на присутните дел од репрезентативниот материјал за подигнување на свеста за ЦФ.

Настанот беше единствен и неповторлив и им се заблагодаруваме на сите кои учествуваа и не исполнија со надеж и силни позитивни чувства!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *