Macedonian Society Of Physiotherapists

МФЗ стана дел од  #IPG/CF

Во периодот од 5 до 9 јуни во Белград Србија се одржува Европската конференција за цистична фиброза #ECFS2018 . Во рамки на конференцијата се одржа и курс за физиотерапевти за третман на пациенти со цистична фиброза на која учествуваа и колеги од Македонија .

Претседателот на Македонското физиотерапевтско здружение Дип.ФТ Блаже Арсов беше поканет на годишното собрание на интернационалната група на физиотерапевти IPG/ CF на кој што e именуван како нов координатор за Македонија .
Во рамки на конференцијата имаше состанок со претседателката Марта Керстен IPG/ CF на кој се постигна договор за заедничка организација на едукативни настани за македонските физиотерапевти.
Интернационалната група на физиотерапевти / ЦФ (IPG/CF) е меѓународен работен комитет основан во 1986 година со цел , да ја подобри интернационалната комуникација помеѓу физиотерапевтите и нивната истражувачка дејност а воедно и да соработува со светската конфедерација на физиотерапевти .
Повеќе информации за интернационалната група на физиотерапевти за цистична фиброза може да најдете на следниот линк https://www.ecfs.eu/ipg_cf
Наскоро на нашата веб страница ќе бидат објавени повеќе информации во врска со активностите кои ќе следуваат во врска нашата соработка со IPG/CF .

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *