Macedonian Society Of Physiotherapists

Моето срце во сите бои – HEROES’ CAMP

Оваа година, од 9-ти до 15-ти јули се одржа традиционалниот летен камп „Моето срце во сите бои – HEROES’ CAMP” на којшто учествуваа деца кои имале интервенции или операции на срце во ZAN MITREV CLINIC .Кампот се одржува  10 години по ред во заедничка соработка со Црвениот крст на град Скопје  во прекрасниот амбиент на одморалиштето „Солферино” во Струга.

Тимот на ZAN MITREV CLINIC беше составен од психотерапевт Фросина Ристовска, лекар Петар Угуров и физиотерапевт Блаже Арсов претседател на Македонското физиотерапевтско здружение .Во агендата на кампот во текот на седум дена беа вклучени предавања и работилници  за децата и нивните родители преку кои им беа пренесени голем број совети и предлози за решението на здравствените проблемите кои ги имаат во секојдневието .

 

 

Блаже Арсов, Дипл.физиотерапевт вработен во ZAN MITREV CLINIC низ разиграна работилница со децата и родителите работеше на техники на правилно движење, моторика на тело и координација, три битни аспекти од развојот на секоја индивидуа. Низ структурирана групна работа, психологот и психотерапевт Фросина Ристовска со родителите обработи теми од посебен интерес за нив како што се мапирање на нивните потреби, грижата за себе за подобра грижа за другиот и комплексноста на комуникацијата во родителствувањето. Воедно низ сите работилници со децата имаше можност за работа на нивните здрави потенцијали и градење на самодоверба.Целта на кампот беше преку комбинирање на  техники од физиотерапија и психотерапија да се  срушат  на табуата поврзани за животот по интервенции на вродените срцеви маани или кардиохируршките операции.

 

[vc_gallery type=”image_grid” images=”9439, 9440, 9441, 9442, 9443, 9444, 9445, 9446 “]

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *